Направи магија вредна 500.000 денари
- Детали
- понеделник, 20 мај 2024
Започнува креативниот награден конкурс на Magic
Најкреативното видео направено со кој било производ од ребрендираната линија на грицки ќе биде наградено со неверојатни половина милион денари.
Под мотото „Направи магија и освој 500 000 денари“, компанијата Меџик МГ ги промовираше новиот дизајн и новите линии на грицки Magic. Освен новиот дизајн и пакување, новитет се и трите нови линии што вклучуваат уникатни комбинации на внимателно избрани вкусови: линиите Бејзик, Актив и Чоко.
Како до половина милион денари?
Едноставно:
Сними или анимирај креативно видео што ќе ја долови магијата на новите вкусови и ќе го објавите на која било социјална мрежа (Facebook, Instagram или TikTok).
Не заборавај да го вклучиш хаштагот #makemagic и тагни го профилот на Magic, од (Facebook, Instagram, или TikTok)
Следи ги профилите на социјалните мрежи на @magic за да дознаеш дали токму ти ќе освоиш фантастични половина милион денари.
Наградниот конкурс трае од денес, 20 мај, до 20 јуни.
Сите детали и информации за наградниот конкурс се наоѓаат на следниов линк: https://magic.com.mk/nagraden-konkurs/.
Производите на Magic со својот нов, впечатлив дизајн се веќе достапни низ сите поголеми маркети, како и помали локални трговски места низ државата.