Вакцини и уште 6 медицински изуми кои драстично ни го зголемија животниот век

Трансплантација на органи

Пред трансплантацијата на органи, штом на некого ќе му откажел витален орган, немало како да биде спасен.

Првиот успешно трансплантиран човечки орган е бубрег, а операцијата била изведена во 1954 година. Следната деценија, во 1960-тите, биле изведени и многу успешни трансплантации на црн дроб, срце и панкреас.

Во 1980-тите, лекарите почнале и со трансплантација на бели дробови и црева.

Денес хирурзите изведуваат успешни трансплантации на скоро сите органи. Единствено, проблемот е недостаток на донори, но научниците веќе работат на синтетички органи, па дури и „одгледување“ органи на животни.

vakcini-i-ushte-6-medicinski-izumi-koi-drastichno-ni-go-zgolemija-zhivotniot-vek-05.jpg

Антибиотици

Откривањето на антибиотиците е можеби едно од најважните откритија во историјата на медицината.

Во 1928 година, Александар Флеминг го открил пеницилинот, првиот антибиотик, и засекогаш ја промени медицината.

Антибиотиците се користат за лекување многу бактериски инфекции и се верува дека го имаат продолжено просечниот животен век на луѓето за дури 23 години.

Но, изминативе неколку години се јавува проблем – поради несовесното користење антибиотици, бактериите стануваат поотпорни.

Односно, луѓето пијат антибиотици на своја рака, дури и ако воопшто немаат бактериска инфекција. Ова, пак, им дава можност на бактериите да мутираат и експертите стравуваат дека во блиска иднина антибиотиците нема да бидат ефикасни против нив.

vakcini-i-ushte-6-medicinski-izumi-koi-drastichno-ni-go-zgolemija-zhivotniot-vek-06.jpg

Дијализа

Дијализата е процедура со која се отстрануваат отпадните материи од крвта на пациентот кога неговите бубрези не функционираат правилно.

Иако дијализата не е совршено, ниту пријатно решение за овој проблем, факт е дека има спасено многу човечки животи.

Оваа процедура им овозможува на луѓето да водат генерално нормален живот, дури и ако немаат функционални бубрези и чекаат погоден донор за трансплантација.

Првата машина за дијализа била направена од лекарот Вилем Колф во 1940-тите. Тој имал пациент чии дробови откажале, па добил идеја да направи машина која ќе му ја прочисти крвта.

vakcini-i-ushte-6-medicinski-izumi-koi-drastichno-ni-go-zgolemija-zhivotniot-vek-07.jpg

Вакцини

Вакцините се можеби најмоќното оружје што го имаме против ширењето на многу болести.

Едноставно кажано, вакцините го запознаваат нашиот имунитет со одредена болест, па ако се заразиме со болеста, нашиот организам ќе знае како да се одбрани.

Благодарение на вакцините, успеавме драстично да ги намалиме заразите од некои болести, а дел од нив и целосно искоренивме.

Едвард Џенер е личноста која ја направи првата вакцина, и тоа во 1796 година. Неговата цел била да најде лек за мали сипаници, или морбили.

За да ја направи вакцината, тој заразил 13-годишно дете со вирус сличен на оној што предизвикува морбили, но кој не е толку опасен. По вакцинирањето, детето стекнало имунитет и за морбили.

vakcini-i-ushte-6-medicinski-izumi-koi-drastichno-ni-go-zgolemija-zhivotniot-vek-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg