Неколку дена во вселената со малку храна и вода – Неуспешната мисија до Месечината која можела да заврши трагично

Мисијата Apollo 13 на НАСА требаше да ја однесе третата група астронаути на Месечината, но наместо тоа, се претвори во приказна за преживување која одлично прикажува дека и најмалата грешка може да чини многу во вселенските патувања.

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-01.jpg

Apollo 13 е седмата мисија со екипаж од програмата Apollo на НАСА, како и третата мисија со цел да испрати луѓе на Месечината. Екипажот го сочинуваа тројца астронаути кои беа лансирани на 11 април 1970 година од Вселенскиот центар Кенеди во САД.

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-07.jpg

Тогаш 42-годишниот Џејмс Ловел бил еден од најискусните астронаути кој веќе имал завршено три вселенски мисии. Тој бил командантот во мисијата.

Пилотот на модулот со којшто требало да слетаат на Месечината е Фред Хејс кој тогаш имал 36 години. Претходно, тој бил воен пилот со завидна кариера.

Третиот член на екипажот бил тогаш 38-годишниот Џон Свигерт кој исто така бил пилот. Пред лунарната мисија, тој работел на мисијата Apollo 7, а ова бил неговиот прв вселенски лет.

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-02.jpg

Генерално, тројцата астронаути биле добро обучени и подготвени да стапнат на Месечината.

Но, астронаутите никогаш не стигнаа до Месечината. Наместо тоа, поминаа неколку денови исполнети со неизвесност во леталото не знаејќи дали ќе се вратат живи на Земјата.

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-08.jpg

Околу 56 часа по лансирањето, во леталото експлодирал резервоар со кислород, по што веднаш станало јасно дека мисијата е неуспешна.

Бидејќи леталото било оштетено, тројцата астронаути се засолниле во лунарниот модул со којшто требало да слетаат на нашиот сателит.

Експлозијата се случила кога леталото било оддалечено околу 322.000 километри од Земјата. Штом сфатиле дека нешто не е во ред, астронаутите веднаш ја контактирале базата на Земјата.

Всушност, токму од овој контакт потекнува познатата изрека „Хјустон, имаме проблем“ (Houston, we have a problem).

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-09.jpg

Од НАСА откриле дека експлозијата е предизвикана од соголени жици, како и грешки при тестирањето пред лансирањето.

Соголените жици предизвикале пожар во резервоарот за кислород, по што бил уништен. Истовремено, се оштетил и уште еден резервоар.

Со ова драстично се намалило нивото на кислород во леталото. Истовремено, се јавиле и проблеми со напојувањето на системите бидејќи зависеле од кислородот. 

Бидејќи поради ова не работел ни системот за греење, температурата во леталото брзо се спуштила до речиси нула, а со ова се уништил и дел од резервите на храна.

Со цел да заштедат од енергијата на леталото за да можат се вратат на Земјата, астронаутите се засолниле во лунарниот модул и останале таму речиси пет дена. 

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-05.jpg

Модулот во којшто се засолниле астронаутите бил дизајниран за двајца и ова претставувало проблем. Исто така, модулот не бил направен за да биде активен долго време, па астронаутите морале да се погрижат дека нема да трошат многу енергија и вода за ладење на неговите системи.

Од Земјата, инженерите им помогнале да направат рации со храна и вода за да имаат доволно залиха додека да се вратат на Земјата и правеле секакви импровизации за астронаутите да можат да поминат скоро пет дена во модулот.

Додека да се вратат дома неколку денови подоцна, тројцата астронаути драстично ослабеле, а еден од нив развил и инфекција на бубрезите.

Астронаутите ја заобиколиле Месечината за да ја искористат нејзината гравитациона сила за забрузување кон Земјата.

Засолнети во модулот кој уште бил прикачен на главното летало, успеале да навлезат во земјината атмосфера. Бидејќи модулот немал заштита од топлина, морале да се приземјат со целото летало.

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-04.jpg

Неколку часа пред слетувањето, изнемоштените астронаути се вратиле во леталото, успеале да го вклучат и да слетаат во Тихот Океан на 17 април.

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-06.jpg

По оваа катастрофа која, за среќа, завршува добро, од НАСА направија бројни промени во вселенските летала со цел да избегнат слична ситуација.

Меѓу другото, сега во леталата има посебен резервоар за кислород кој е изолиран и е само за екипажот. Од резервоарите, пак, ги отстраниле жиците. Тие додаваат и помоќна батерија на модулите со цел да издржат подолго, како и дополнителни резервоари со вода.

5-dena-vo-vselenata-so-malku-hrana-i-voda-neuspeshnata-misija-do-mesechinata-koja-mozhela-da-zavrshi-tragichno-03.jpg

За овој настан, во 1995 година е снимен и филм – Apollo 13 – во режија на Рон Хауард. Главните улоги им припаѓаат на Том Хенкс, Бил Пакстон и Кевин Бејкон.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg