Марко Поло - големиот истражувач или големиот измамник?

Марко Поло бил венецијански трговец и истражувач, како и еден од првите Европејци кои патувале кон Кина. Поло хронолошки ги претставил своите патувања во книгата „II Milione“.

Marko Polo golemiot strazuvac ili golemiot izmamnik 01

Живеел во Кина 17 години пред да се врати во Венеција. Во поморската битка помеѓу Венеција и Џенова бил заробен и одведен во затвор, каде што ја диктирал својата книга.

Некои го сметаат Марко Поло за еден од најголемите светски истражувачи, додека некои го сметаат за најголем раскажувач на приказни во светот. Поточно, многумина веруваат дека тој никогаш не патувал до Кина.

Познатиот истражувач, наводно, не стигнал до Кина, а во својата книга објавил информации што ги слушнал од другите. Археолозите веруваат дека Поло ги собирал приказните на персиските трговци, кои потоа ги сумирал во една книга.

Тие особено укажуваат на неточностите во неговите описи на инвазиите што Кублај Кан се обидел да ги изврши во Јапонија во 1274 и 1281 година.

Исто така, описите на монголската флота, дадени од Марко Поло, се во спротивност со остатоците на бродовите пронајдени во Јапонија. Тој напишал дека бродовите имаат пет јарболи, додека во реалноста имале само три.

Марко Поло зборувал и за смола што се користела за изолација и водоотпорност на трупот на бродот, при што користел специфичен збор што на персиски значи смола, а на монголски, односно кинески, не значи ништо.

Marko Polo golemiot strazuvac ili golemiot izmamnik 03

Чудно е и што, во повеќето случаи, тој не користел локални кинески или монголски имиња во опишувањето на разни места, туку персиски термини.

На крајот - Марко Поло тврдел дека работел на дворот на Кублај Kан, но неговото име не се споменува во ниту една кинеска или монголска хроника.

Најголемиот сомнеж лежи во фактот што тој не го спомнал кинеското писмо (многу поразлично од европското), стапчињата за јадење, чајот, а да не спомнуваме дека не го спомнал ниту големиот Кинески ѕид.

Токму поради овие причини многу археолози веруваат дека Марко Поло, всушност, не бил голем истражувч, туку голем измамник.

Marko Polo golemiot strazuvac ili golemiot izmamnik 02

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg