Создадена е првата човечка рожница со помош на 3Д принтер

За првпат, научници од Њукасл универзитетот во Англија, испринтале човечка рожница (надворешниот слој од окото кој игра важна улога во контролирањето и фокусирањето на влезот на светлина во окото) со помош на 3Д принтер и употреба на матични клетки.

Sozdadena-e-prvata-covecka-roznica-so-pomos-na-3d-printer1.jpg

Како што е документирано во дневникот „Experimental Eye Research“, тимот користел нискобуџетен 3Д принтер за да ги создаде овие вештачки рожници. Тој принта слоеви од „био-мастило“ и ги гради во концентрични кругови за да се создаде скеле во форма на рожница. Потоа се додаваат матични клетки и се оставаат да растат, со цел да се добие рожница која е подготвена за трансплантација.

Рожниците немаат крвни садови, за разлика од повеќето телесни ткива, па тоа го прави процесот на трансплантација многу полесен.

„Нашите 3Д испринтани рожници сега ќе треба да поминат понатамошни тестирања и ќе поминат неколку години пред да бидеме во позиција каде што би можеле да ги употребуваме за трансплантација,“ вели професорот Конон.

„Сепак, покажавме дека е изводливо да се испринта рожница користејќи координати земени од окото на пациентот и дека овој пристап има потенцијал да се бори со светскиот недостаток.“

За овој процес сè уште би била потребна донација на вистинска рожница, меѓутоа наместо да се замени една оштетена рожница со здрава, научниците ќе можат да создадат доволно клетки од една донирана рожница за да креираат 50 вештачки.

 

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg