Полна месечина и несоница

Месечината не е виновна за несоницата, покажуваат резултатите од повеќегодишното истражување кое го спроведоа австриските и германските...

 

...научници. Со ова, се руши стариот мит за поврзаноста на Месечината со квалитетот на сонот. polna-mesecina-i-nesonica

Во времетраење од 6 години, испитаниците водеа детален дневник за спиење кој открива дека четвртина од нив на полна Месечина спијат подобро отколку било која друга вечер, додека на повеќето полната Месечина немала тотално никакво влијание.

"Поврзаноста е исклучиво психички наметната. Кога испитаниците знаеле дека се работи за полна Месечина, спиеле лошо, а кога не обратиле внимание на Месечината, не покажале никаква разлика во квалитетот на соновите. Се работи за самосугестија", тврди проф. Јурген Зули.

Што се однесува до должината на спиењето, правила нема:

"Должината на соновите зависи од индивидуалните потреби на секој човек. Обично трае помеѓу 5 и 8 часа. Телото се опоравува во првите 5 часа на сон", објаснува Рејнер Ланг.

Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg