Младите луѓе се чувствуваат поосамено од било која друга старосна група
Иако често може да ги видиме младите луѓе како уживаат во авантурите на животот, се дружат и шетаат, истражувањата го покажуваа спротивното.
Според најново истражување, докажано е дека всушност повеќето млади луѓе се чувствуваат поосамено, во однос на било која друга старосна група.
Речиси 10% од луѓето на возраст меѓу 16 и 24 години признаваат дека се чувствуваат осамено „секогаш или често“ – трипати повеќе од луѓето на возраст над 65 години.
Иако многумина мислат дека луѓето кога се постари стануваат поосамени, сепак една теорија е дека тие стануваат отпорни на чувството на изолација, па ваквото чувство со тек на време им се намалува.
„Можно е луѓето да стануваат отпорни на осаменоста додека стареат, низ искуството на значајни животни случувања и предизвици.“ – велат студијата.
Некои извештаи пак, сугерираат на тоа дека социјалните мрежи може да имаат влијание во растот на осаменоста кај младите .
„Тинејџерите можат да имаат илјадници пријатели на интернет, а сепак да се чувствуваат осамено и изолирано. Технологијата, вклучувајќи ги и социјалните мрежи може да ја влоши оваа ситуација.“ – велат од Фондација за ментално здравје.
Затоа би било добро младите што повеќе да се социјализираат и да се фокусираат на вистински пријателства, наместо на Фејсбук пријатели и Инстаграм следбеници.
М. М. | Црнобело