Луѓето ќе исчезнат за 100 год.
Професорот Франк Фенер, научникот кој го всадил вирусот миксоматоза во зајаците за да го контролира нивното размножување во 1950-та...
...смета дека мора да се земе предвид влијанието кое го има се побројната човечка популација врз ресурсите на планетата.
Тој изразил песимизам за иднината на човештвото:
“Ќе изумреме и тоа е само прашање на време. Може да се случи и за 100 години. И многу животински видови исто така ќе изумрат. Тоа е неповратен процес.“
Иако постојат напори со кои се обидуваат да се ублажат ефектите од пренаселеност и климатски промени, Фенер смета дека нема ефект од тоа и дека нашата судбина е запечатена.
Се претпоставува дека светската популација ќе достигне бројка од 7 милијарди следната година, што е неверојатен притисок на залихите на храна и вода.
“Следните години ќе се води војна за храна во која нациите ќе се обидуваат да ги сочуваат своите резерви“– изјавил Фенер.
Климатските промени се еден од главните фактори за ова сценарио, а според Фенер, помината е точката од која постоела можност да се вратиме назад.