„Nestlé“ ќе го намали нивото на шеќер без да го измени вкусот на производите
Компанијата „Nestlé“ објави дека нашла начин како да намали барем 40% од нивото на шеќери содржани во чоколадните производи кои таа ги произведува, без воопшто да го промени вкусот.
Новиот процес би требало да ги разложи шеќерите, додека тие се наоѓаат во нашата уста, спречувајќи ги да преминат во нашиот гастроинтестинален тракт, создавајќи ни истовремено илузија дека јадеме нешто кое изобилува со шеќер.
„Ова револуционерно истражување е инспирирано од природата: нашите научници открија иновативен начин на користење на природните, традиционални состојки“, објасни доктор Стефан Кацикас, директор на одделението за технологија на „Nestlé“.
„Секако, тоа е истиот шеќер, но соединет на начин кој дозволува истиот да се неутрализира многу брзо во нашата уста. На тој начин, само еден помал дел ќе продолжи да се пренесува низ дигестивниот систем.“
Овој вид шеќери кои брзо се разложуваат би можеле да се користат по 2018 година.
М. С. | Црнобело