Револуционерен материјал заради кој поретко ќе го посетуваме забарот

Научниците од Универзитетот во Лондон „Queen Mary“ успеале да креираат нов револуционерен тип на материјал кој не само што служи за пломбирање на забите, туку и како средство за регенерирање на самиот заб.

revolucioneren-materijal-zaradi-koj-poretko-kje-go-posetuvame-zabarot-01.jpg

Практично овозможува неколку работи:

1. Не само што ги пополнува празнините, туку и ги третира забита. Според професорот Роберт Хил е биоактивен композитен материјал на основа на стакло кој откако се става во забот, започнува да испушта минерал кои сами се создаваат во забното ткиво - флуорид, калциум и фосфор. Со помош на овие минерали од материјалот, забот сам се регенерира.

2. Наспроти старите пломби, овој материјал не остава мали празнини во кои можат да се развиваат бактерии.

3. Старите пломби мораат да се менуваат на неколку години, но овој материјал, еднаш штом ќе го ставите, трае доживотно.

Звучи фантастично нели? Повеќе нема да има потреба почесто да го посетуваме заболекарот и да ги слушаме и чувствуваме непријатните звуци од машините.

Инаку, материјалот се очекува за 3 години да дојде и кај нас.

revolucioneren-materijal-zaradi-koj-poretko-kje-go-posetuvame-zabarot-01.gif

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg