Диплома претворена во пари
Професионалната едукација често е поттикната од желбата што порано да се заработи што повеќе. Свесни за потребата од постојано учење во животот...
...се бараат мотиви за да се стекне професионална едукација.
Така едно од неодамнешните истражувања покажало дека добивањето диплома или сертификат е поважно отколку вистински стекнатото знаење.
“Едукацијата најчесто луѓето ја избираат заради “хартијата“, а не квалитетот на знаење кое ќе го добијат. Голем дел од нив не ги следат вистинските повратни резултати од едукативниот дел од животот“- вели директор во една поголема компанија.
Факт е дека денеска голем број од младите сметаат дека ако имаат диплома можат да напредуваат повеќе. Тоа до некаде е вистина.
Но, уште на самиот почеток од своето вработување, доколку немаат никаква основа и никакво вистински стекнато знаење - работодавецот лесно ќе го забележи тоа.
Теоријата е важна основа која мора да ја имате за да може барем да се потрудите да ја примените во пракса.
Да - дипломата носи пари ако навистина е вредна. Но, вашето знаење и желба за надоградување е секогаш поважна од тоа парче хартија.