Конјукција на најсјајните објекти на ноќното небо

konjukcija-na-najsjajnite-objekti-na-nokjnoto-nebo-povekjeНа 26 март имавме прилика да видиме една многу убава глетка на небото. Имено, три најсјајни објекти на ноќното небо, а тоа се по ред Месечина, Венера...


...и Јупитер се поредија речиси во линија.

Ова и не се случува така често па вредеше да се потроши некоја минута и да се ужива во глетката. За оние кои го пропуштиле овој настан ќе имаат можност нешто слично да погледнат и денес кон запад веднаш по заоѓањето на Сонцето. Положбата на овие три небесни тела малку  ќе се измени, но глетка нема да биде ништо помалку убава.

konjukcija-na-najsjajnite-objekti-na-nokjnoto-nebo

За таа цел Скопско астрономско друштво планира да направи акција на плоштад за јавно набљудување каде ќе се набљудуваат Месечината и планетите. Набљудувањето од плоштадот се планира за 27ми март 2012 од 19-22h. Како повик да ни се придружите на плоштадот можете да ја видите фотографија што ја направил Мартин Димитриевски. На сликата се Месечината и Венера, кои се на само неколку степени оддалеченост и неколку ѕвезди од соѕвездието Бик.

Фотографија е направена со Canon Eos 5D со објектив од 800mm f/8 Со експозиција од 1s на ISO 3200. Сликано е со кратка експозиција за да не се појават трагите од ѕвездите.

Извор: astronomija.com.mk

Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg