10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат)

Интернационален термонуклеарен експериментален реактор

Овој реактор накратко познат како ITER е уште еден реактор чија главна цел е создавање енергија со помош на нуклеарна фузија.

Се наоѓа во Франција и неговата изградба уште не е завршена.

Според плановите, главниот реактор би требало да биде завршен кон крајот на 2025 година.

Ова е огромен проект на кој работат неколку држави – Кина, Европската Унија, Индија, Јапонија, Русија, Јужна Кореја и САД.

10-te-najkompleksni-mashini-napraveni-od-chovekot-i-za-shto-se-koristat-11.jpg

Deepwater Horizon

Deepwater Horizon е нафтена платформа која повеќе не е во функција.

Платформата се наоѓа на околу 66 километри од брегот на американската држава а Луизијана и денес е под вода.

Додека беше активна, платформата ископуваше нафта од длабочина од три километри, а со неа управува 135 инженери и други експерти.

Но, иако е импресивна машина, Deepwater Horizon е одговорна за најголемото протекување на нафта во историјата.

По експлозија во 2010 година во која загинаа 11 луѓе, платформата предизвика протекување кое траеше скоро три месеци.

Во тој период, во водата завршија илјадници тони нафта.

10-te-najkompleksni-mashini-napraveni-od-chovekot-i-za-shto-se-koristat-07.jpg

Компјутерот на вселенската програма Аполо

Apollo Guidance Computer (AGC) е компјутерот кој бил направен за вселенската програма Аполо која го однесе човекот на Месечината.

Она што го прави компјутерот е импресивен е фактот дека е направен во 1960-тите, односно пред половина век.

Неговата моќност е многу помала од онаа на денешните компјутери што ги имаме дома.

Тогашната технологија не ни дозволувала да се направи нешто понапредно, но тоа не ги спречило инженерите да извршат неколку успешни вселенски мисии со него.

10-te-najkompleksni-mashini-napraveni-od-chovekot-i-za-shto-se-koristat-08.jpg

Меѓународната вселенска станица

Веројатно не треба да ви објаснуваме колку е импресивна Меѓународната вселенска станица.

Станицата орбитира околу Земјата на висина од околу 402 километри и од 2000 година, на неа постојано има екипаж.

Станицата ги одржува астронаутите во живот и е одлично место за извршување разни тестови, како испитување на влијанието на микрогравитацијата врз човечкото тело.

10-te-najkompleksni-mashini-napraveni-od-chovekot-i-za-shto-se-koristat-09.jpg

Голем хадронски судирач (LHC)

LHC е најголемиот судирач на честички во светот.

Се наоѓа во ЦЕРН, Швајцарија, долг е 27 километри и слободно може да се каже дека е една од најкомплексните машини што се направени кога било.

Со помош на судирачот (или акцелераторот) физичарите ги проучуваат елементарните честички, односно најмалите делови од материјата.

Машината ги забрзува честичките (како протони( до брзина речиси иста како онаа на светлината, и потоа ги судира.

Со ова судирање, некогаш се откриваат нови, помали честички, како хигсовиот бозон, кои можат да ни дадат одговори на прашањата како зошто имаме маса.

10-te-najkompleksni-mashini-napraveni-od-chovekot-i-za-shto-se-koristat-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg