Нашата евровизиска претставничка Андреа ја имаше првата проба во Торино (видео)
„Не можам да дочекам да видам како ќе изгледа на сцена“ – вели во краткото видео пред пробата нашата претставничка на Евровизија 2022, Андреа Коевска.
Нашата годинешна претставничка на Евровизија 2022, Андреа Коевска деновиве отпатува во Торино каде денес ја имаше првата проба на сцената.
Облечена целосно во црно, проследена само со графички детали и осветлување, Андреа за првпат имаше можност да ја испее песната Circles на евровизиската сцена.
Видеото од настапот за време на пробата е објавено на ТикТок профилот на Евровизија, а може да се слушне како Андреа пред настапот вели:
„Се чувствувам мошне возбудено и нервозно. Не можам да дочекам да видам како ќе изгледа на сцена, никој не е возбуден како мене“ – вели таа.
@eurovision Dressed all in black, supported by nothing more than pulsing graphics and dramatic lighting, @Andreamusic20's first rehearsal on stage was very impressive! ??? #Eurovision #Eurovision2022 #EurovisionTikTok ♬ original sound - Eurovision
Инаку, пред пробата Андреа објави фотографии на Инстаграм до кои напиша:
„Пристигнав и легнав да спијам. Торино, од утре почнуваме со забавата.“
Евровизија 2022 ќе се одржува во периодот од 10-ти до 14-ти мај во Торино, а Андреа ќе настапи 11-та по ред во втората полуфинална вечер, што ќе се одржи на 12-ти мај.
Погледнете како изгледаа пробите на учесниците од втората полуфинална вечер:
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Прочитајте и „Неверојатна изведба во живо“ – Нашата евровизиска претставничка ги воодушеви присутните во Израел (фото+видео)
Б. С. Б. | Црнобело