Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Заиграј со мене ти” на Виолета Томовска со Дац и Александар е новиот претпразничен хит (видео)

Ја вративме Виолета повторно на сцената! Дац и Александар вчера, на 19 декември, повторно ја израдуваа публиката со убав предновогодишен музички подарок. Ја остварија својата желба да запејат нешто со кралицата на македонската народна музика Виолета Томовска, а се работи за обработка на песната “Заиграј со мене ти” во нов аранжман на Митевски и неговите колеги. 

zaigraj-so-mene-ti-na-violeta-tomovska-so-dac-i-aleksandar-e-noviot-pretpraznichen-hit-video-1.jpg

Виолета конечно се врати на сцената на големо воодушевување на публиката, а Дац и Александар велат дека токму пиедесталот е местото кое Виолета како уметник го заслужува.

Оваа верзија е направена како новогодишен подарок во чест и сеќавање на големиот маестро Милан Завков (кој е автор на музиката на оваа вечна песна) и текстописецот и исполнител на песната, Виолета Томовска, која наскоро ќе прослави 80 години.

Оваа идеја се реализираше и со голема поддршка од семејствата на Милан и Виолета.

Хармониката ја отсвири Мишел Трајковски во манирот на маестро Завков, а вклучени беа и гитаристите Ташко Грујовски, Бобан Василески и трубачот Диме Танчев. 

Дац и Александар велат дека одамна во нив тлеела желбата да снимат нешто со Виолета и се воодушевени од енергијата и гласот кој таа ги поседува, а тоа се покажало во текот на снимањето на аудио и видео материјалот.

zaigraj-so-mene-ti-na-violeta-tomovska-so-dac-i-aleksandar-e-noviot-pretpraznichen-hit-video-03.jpg

Велат дека Виолета не старее воопшто, па дури се појави и како изненадување на нивната доцна вторничка забава во „Трибека” кога ја отпеаја оваа нова верзија и се случи вистински делириум од емоции пред бројната публика.

Текстот и мелодијата на „Заиграј со мене” , преоблечени во ново руво денес звучат толку актуелно и носат убава порака и добро расположение за празниците кои се пред нас.

Уживајте и споделете ги нивните желби за здравје и љубов за сите во 2025 година!  

;

Би можело да ве интересира:

Дац и Александар направија женска верзија на „Уште ми фалиш“ - 32 дами во спотот што ќе ве разнежни ... Во прекрасна атмосфера, исполнета со многу емоции и музика, Дац и Александар веч...
Ивона Јо: „Несебично ви ја подарувам 'Себично' - Нека стигне до секоја душа што пати и боли“ Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претста...
Лена - нов музички артист на нашата сцена Нашата земја е преполна со музички таленти и ни е навистина драго што имаме квал...
„Пекол и рај“ е новата љубовна песна од Огнен Здравковски „Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја пе...
Тамара, Just RB и Никифор направија римејк на „Зови ме Лена“ Оваа римејк верзија на песната е најава за новиот албум на Just RB и Никифор, “A...
Музика која зборува за вашиот бренд – интервју со креаторите на персонализираната радио услуга за би... „Нашата услуга функционира многу едноставно, но ефикасно. Секој клиент доби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg