Дац и Александар направија женска верзија на „Уште ми фалиш“ - 32 дами во спотот што ќе ве разнежни (видео)

Во прекрасна атмосфера, исполнета со многу емоции и музика, Дац и Александар вечерва (13.11) го промовираа спотот за женската верзија на песната „Уште ми фалиш“.

dac-i-aleksandar-napravija-zhenska-verzija-na-ushte-mi-falish-32-dami-vo-spotot-shto-kje-ve-raznezhni-video-01.jpg

Пет години откако една од најпопуларните песни на дуото Дац и Александар, „Уште ми фалиш“, за првпат се слушна во етерот - сега доби нова, женска верзија.  

dac-i-aleksandar-napravija-zhenska-verzija-na-ushte-mi-falish-32-dami-vo-spotot-shto-kje-ve-raznezhni-video-07.jpg

Ова е првпат во Македонија некоја песна да биде преработена на овој начин и да добие римејк на спот.

dac-i-aleksandar-napravija-zhenska-verzija-na-ushte-mi-falish-32-dami-vo-spotot-shto-kje-ve-raznezhni-video-04.jpg

Спотот за песната беше промовиран во кафулето „Трибека“, а меѓу бројните гости беа и мажите кои учествуваа во снимањето на оригиналниот спот, како и голем број од жените кои се најдоа во новата верзија.

dac-i-aleksandar-napravija-zhenska-verzija-na-ushte-mi-falish-32-dami-vo-spotot-shto-kje-ve-raznezhni-video-02.jpg

А тука, во женскиот спот на римејкот на Дац и Александар, се појавија дури 32 дами, меѓу кои и Виолета Томовска, Росана Сариќ Тодоровска, Вера Мештеровиќ, Лејла Сабит, Дани Димитровска, Рисима Рисимкин, Индира Кастратовиќ и други, меѓу кои и Маја Гроздановска Панчева која беше придружен вокал, но и Билјана Ѓошева и Билјана Драгичевиќ Пројковска, кои се воедно и главни вокали во песната.

dac-i-aleksandar-napravija-zhenska-verzija-na-ushte-mi-falish-32-dami-vo-spotot-shto-kje-ve-raznezhni-video-03_copy.jpg

Меѓу дамите во спотот беше и Вера Јанковиќ, која, беше придружен вокал, а воедно, вечерва беше и водител на промоцијата на видеото.

dac-i-aleksandar-napravija-zhenska-verzija-na-ushte-mi-falish-32-dami-vo-spotot-shto-kje-ve-raznezhni-video-05.jpg

Таа ги повика Дац и Александар да кажат по неколку збора, па Дац раскажа кратка анегдота од снимањето:

„Кога со мажите го снимавме спотот на оригиналната верзија, не им беше јасен концептот, но испадна добро.

Со жените беше полесно зашто имаше подготвен терен, за 3 и пол часа телефонски ги договорив сите и снимивме во еден ден.

И рековме дека нема време за шминка и фризура, па сите дојдоа спремни од дома, инаку уште ќе снимавме.

dac-i-aleksandar-napravija-zhenska-verzija-na-ushte-mi-falish-32-dami-vo-spotot-shto-kje-ve-raznezhni-video-06_copy.jpg

Е сега, знаете како е со жени - мене да ме снимаат од лева страна, а колку време ќе ме има, а некои може и ќе се налутат што не се дел од него.

А за снимањето на спотот, му реков на Александар на шега: Што мислиш на крај да се појавиме во 'миничи', ха, ха“ - заврши Дац.

dac-01.jpg

Погледнете го видеото што ќе ве разнежни, a кое Дац и Александар го објавија со пораката „13 ноември 2024 е денот кога жените го ослободија Скопје со љубов“:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Преработки на македонски песни кои будат носталгија - Кои хитови добија модерни верзии? Тамара ја препеа „Шила“ од Маја Оџаклиевска, Каролина испеа своја верзија на пес...
Македонски хитови кои добија модерна верзија: Преработки кои ни будат носталгија (втор дел) Наде Талевска во дует со хрватскиот пејач Жак Худек ја препеа „Остани во мене“ о...
Шлолските другри се споија и направија музичка уметност: Слаткар и Некст Тајм ја објавија „Океани” (... Се познаваат повеќе од 30 години, ги делеле школските клупи, заедно пораснаа на ...
Спотот на Ламбе Алабаковски за преработката на „Дејгиди луди млади години“ Ламбе Алабаковски оваа успешна музичка година ја заокружува со својата верз...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Најконтроверзните (и најпровокативните) музички спотови снимени досега Anaconda на Ники Минаж и Blurred Lines на Робин Тик се мал дел од бројните спото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg