Сите ја знаеме – која е песната која најмногу се пушта во филмовите?
Еве едно интересно прашање кое можеби сте си го поставиле досега: која е најкористената песна во историјата на кинематографијата?
Можеби нешто од Битлси? Или Ролинг Стоунс? Можеби тоа е култната Born to be Wild од Steppenwolf?
Но, одговорот дефинитивно ќе ве изненади, бидејќи ова е песна која ја знаеме речиси сите.
U Can’t Touch This е најкористената песна во филмовите.
Врз основа на филмовите и песните што биле анализирани, ова се петте најкористени песни во историјата на филмот:
U Can’t Touch This – MC Hammer (15 филмови)
Under Pressure – Queen и Дејвид Боуви (14 филмови)
https://www.youtube.com/watch?v=YoDh_gHDvkk
Push It – Salt-N-Pepa (13 филмови)
Spirit in the Sky – Норман Гринбаум (13 филмови)
It Takes Two – Роб Бејс и DJ E-Z Rock (13 филмови)
За да се дојде до овој список, биле анализирани податоците од Tunefind - веб-сајт за пребарување песни од филмови и серии. На сајтот можат да се најдат песните од над 4.000 филмови и серии.
Анализата покажала дека U Can’t Touch This на MC Hammer се појавува во дури 15 филмови, вклучувајќи ги Tropic Thunder, Into the Wild и Grown Ups 2.
(О)Милена | Црнобело