Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Младата пејачка Јана Мрческа ја објави нејзината прва песна

Седумнаесетгодишната Јана Мрческа од Прилеп дебитираше на овогодишното издание на Макфест со својата прва песна. Како најмлад учесник оваа година, Јана се претстави со песната „Убава и Храбар“.

mladata-pejachka-jana-mrcheska-ja-objavi-nejzinata-prva-pesna-01.JPG

„Музиката од секогаш живее во моето срце. Таа е нешто што ме исполнува и што ме прави среќна. Кога музицирам, имам настап или пеам се чувствувам како вистинската јас. Таа е мое мало место каде што се чувствувам слободна“, рече Јана и додаде дека „Макфест“ за неа е едно од поголемите искуства исполнето со многу енергија и забава.

mladata-pejachka-jana-mrcheska-ja-objavi-nejzinata-prva-pesna-02.JPG

„Убава и Храбар е песна која има големо значење за мене. Најпрвин затоа што е моја прва официјална песна, а потоа затоа што јас доста се пронајдувам во неа од текстот, па се до музиката“, вели Јана.

mladata-pejachka-jana-mrcheska-ja-objavi-nejzinata-prva-pesna-03.JPG

mladata-pejachka-jana-mrcheska-ja-objavi-nejzinata-prva-pesna-04.JPG

Музиката и аранжманот за првата песна на Јана се на Иле Спасев, додека пак текстот е напишан од Борче Нечовски. 

Јана Мрческа за песната изработи и официјален видео спот кој е снимен во Скопје од страна на Јордан Ѓорески. 

mladata-pejachka-jana-mrcheska-ja-objavi-nejzinata-prva-pesna08.JPG

Јана може да ја следите на нејзините социјални мрежи: InstagramYouTube, TikTok и Facebook

А во продолжение, уживајте во спотот и во песната:

Би можело да ве интересира:

„За сите драги луѓе кои веќе не се со нас“ - Тамара и Стефан Лазаров ја промовираа песната „Патишта“ „Имам чувство дека добро ќе се исплачам... Браво и едвај чекам да ја слушнам“ - ...
Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...
„ЗОРА” - ново парче модерна македонска музка од ДААН во соработка со К.Ј од дуото Како Браќа Во саботата на 21ви Септември ДААН го промовираше својот најнов сингл со наслов ...
Антониа Гиговска со нов имиџ порачува: „Право машко знае како треба“ Пејачката ја изненади јавноста со кратката руса коса, па испрати порака дека „пр...
Ивона Јо: „Несебично ви ја подарувам 'Себично' - Нека стигне до секоја душа што пати и боли“ Ивона Јо имаше маестрална изведба на овогодинешниот Макфест, каде што се претста...
Антониа Гиговска инспирирана од вистински животни приказни: Слушнете ја моќната „Жена” (видео) Бура од позитивни коментари после одличното претставување на младата музичка ѕве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg