Најконтроверзните (и најпровокативните) музички спотови снимени досега

WAP – Карди Би и Меган Ти Сталион

Спотот за WAP го надмина и оној за Anaconda.

Покрај експлицитниот текст на песната, секое движење на пејачките и моделите во спотот алудира на секс.

Famous – Канје Вест

Контроверзиите и скандалите не се ништо ново за Канје Вест, но дефинитивно се надмина со песната Famous и спотот за неа, и тоа не во добра смисла.

Покрај текстот во кој ја критикува Тејлор Свифт, во спотот се гледаат неколку мажи и жени легнати едни до други и сите се голи.

А, уште поконтроверзно е и тоа што актерите во спотот личат на славни личности како Ријана, Тејлор Свифт, па и Доналд Трамп.

najkontroverznite-i-najprovokativnite-muzichki-spotovi-snimeni-dosega02.jpg

All the Things She Said – t.A.T.u.

Денес спотот на песната што ги прослави t.A.T.u. можеби не би предизвикал реакции, но во 2002 година важеа други правила.

Лена и Јулија – девојките од дуото – се бакнуваат во спотот, по што почнаа да кружат гласини дека се и пар.

А, токму ова ги направи светски познати.

Blurred Lines – Робин Тик и Фарел Вилијамс

Иако спотот ја прослави Емили Ратајковски, подоцна таа изјави дека мразела што била дел од него, и го обвини Робин Тик за сексуално вознемирување.

Во спотот, покрај пејачите танцуваат неколку модели кои се практично голи.

Покрај тоа, самиот текст на песната е проблематичен бидејќи алудира на тоа дека некоја жена сака да спие со маж дури и кога го одбива.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сара Мејс во свежо, уникатно и впечатливо издание за новиот видео запис за песната „Очи Вселена“ Ултра модерен звук со диско ритам, заразна мелодија која тешко ќе ви излезе од г...
Македонски песни совршени за прв свадбен танц Песната за првиот свадбен танц треба да биде романтична, да допре до срцата на п...
Слаткар и Тони Зен со нов хит: „Наша 10-та заедничка песна, да ни се множат“ „Милион лета“ е новата песна на Слаткар и Тони Зен која воедно е и нивна 10-та с...
Врчак издаде нова песна со ДНК, по пауза од 15 години - Слушнете ја „Посреќна“ (видео) „Дами и господа, по пауза од 15 години, повторно со вас. Слободно кажете им на с...
Наташа Миха со нова песна - Слушнете ја „Инферно“ После година дена од објавувањето на нејзиниот албум „10 Љубови“, Наташа Миха се...
Сара Мејс им подари химна на сите Хероини, кои секојдневно се борат со животните предизвици Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“. Станува збор за безв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg