Eден љубовен роман за секој хороскопски знак
Вага: „Шах Мат“ - Р. Л. Метјусон
Познати се по тоа што честопати сакаат да избалансираат, но се доста неодлучни, па затоа особено им се допаѓаат приказните во кои непријателите започнуваат љубовни врски.
Приказната „Шах Мат“ ја следи приказната за двајца непријатели од детството кои живеат врата до врата, а потоа се принудени да соработуваат заедно на проектот од твоите соништа.
Сè додека има многу какао, алат во рака и успева да одолее на опасниот шарм на Конор О’Нил, Рори Џејмс би требало да може да го преживее проектот со сочуван здрав разум. Но, ако не успее…
Скорпија: „Сè уште мислам на тебе“ - Адел Паркс
Важат за мошне мистериозни луѓе кои честопати сакаат да го следат сопствениот мисловен процес, а им се допаѓаат романи во кои може да следат како се развиваат емоциите и мислите на карактерите.
Оттука „Сè уште мислам на тебе“ е добар роман за нов, затоа што го поттикнува прашањето за тоа дали искреноста е секогаш најдобра опција?
Таш и Рич се луди еден по друг. Заплеткани во нивната љубовна бајка и возбудени за иднината, тие ја планираат нивната венчавка на француските Алпи.
Рич се среќава со своите стари пријатели од факултет, а Таш е возбудена бидејќи ќе ги запознае луѓето со кои се дружел и со кои созревал.
Дали таа сè уште може да ја планира својата убава иднина со Рич штом ќе го дознае неговото валкано минато?
Стрелец: „Предоцна“ - Колин Хувер
Стрелците секогаш се во потрага по нешто ново и по некоја нова авантура, а ќе им се допаднат романите во кои главните карактери се подготвени да направат сè за луѓето што ги сакаат.
Откако ќе се најде во врска со опасниот Ејса таа е подготвена на сè, само за да преживее додека не најде излез. И нема намера да дозволи ништо да ѝ застане на патот.
Јарец: „Се случи едно лето“ - Теса Бејли
Главната цел на Јарците е да бидат успешни во животот. Кога читаат романи сакаат да читаат празнични романси и романси помеѓу пријатели, па во тој контекст ќе им се допадне и приказната за Пајпер Белинџер, која се заинатува да докаже дека не е само празноглава убавица.
Заедно со сестра ѝ почнуваат да го реновираат стариот бар оставен во наследство од татко им, откриваат нови работи за него, ја запознаваат баба си, се спријателуваат со мештаните, а особено со еден од нив – капетанот Брендан.
Водолија: „Присестра“ - Џенифер Донели
На Водолиите како ексцентрици ќе им се допадне новиот пристап кон „Пепелашка“ и извртувањето на класичната приказна.
Изабел треба да е бескрајно среќна – набрзо ќе го добие прекрасниот принц. Но, Изабел не е исклучително убавата девојка која ја изгубила стаклената чевличка и го освоила срцето на згодниот принц.
Таа е грдата присестра која си отсекува дел од ножните прсти за да успее да ја пикне ногата во чевличката на Пепелашка… и таа чевличка сега се полни со крв.
Кога принцот ја открива измамата на Изабел, ја отфрла и посрамотува.
Риби: „Поканата“ - Вај Киленд
Секогаш сакаат да го видат најдоброто кај луѓето и подготвени се да им ги простат сите грешки.
Истовремено тие се идеалисти што сакаат да веруваат во бајки и во приказните за „принцот на бел коњ“. Затоа приказната за Стела и Хадсон ќе им се допадне.
Лудата приказна за запознавањето со Хадсон наликува на бајка, но не е ништо во споредба со сè што следува понатаму.
Б. С. Б. | Црнобело