Автобиографијата на Кирил Лазаров и уште 2 одлични книги за нови читачки авантури

Подготвени за нови читачки авантури и прочитани страници во претстојната 2022? Имаме три одлични предлози за вас.

Avtobiografija-na-Kiril-Lazarov-01.jpg

Веројатно сите го имаме гледано филмот Breakfast at Tiffany’s со маестралната Одри Хепберн во главата улога, но малкумина ја имаат прочитани книгата.

Еве одлична шанса, со оглед на тоа што ја имаме достапна на македонски јазик.

Ви велат дека сте премногу чувствителни, дека премногу мислите и анализирате?

Можеби ќе се пронајдете на истата бранова должина со авторката Федерика Боско и ќе сфатите дека чувствителноста не е слабост, туку моќ!

И конечно, автобиографијата на еден од најуспешните македонски спортисти на сите времиња, шампионот Кире Лазаров. Уживајте во читањето:

Појадок кај Тифани – Труман Капоти

Романот мајсторски ги прикажува многуте слоеви на прекрасната и загадочна Холидеј Голајтли.

Преку необичното пријателство со соседот писател во 1940-тите години во Њујорк се гради моќна приказна за суштината на поврзаноста меѓу луѓето и чувството на припадност.

Холи е лик на вечен сонувач или, како што Капоти ја нарекол, „нетипичен романтичар“.

Холи е девојка со слободен дух, а со темните очила и надворешниот изглед е апсолутна сензација каде и да се појави.

Иако нејзиниот свет е свет на забави со милионери и „селебрити“, никогаш не се откажува од својот најголем сон – да најде вистинско место, како „Тифани“, каде што ќе најде мир за себе.

Avtobiografija-na-Kiril-Lazarov (3).jpg

Ми велеа дека сум пречувствителна – Федерика Боско

Имаш ненадејни промени во расположението? Непријатно ти е меѓу непознати? Кога гледаш дека некој се чувствува лошо, знаеш што треба да направиш за да му биде подобро?

Не сакаш метеж, врева или насилство? Ако на сите овие прашања си одговориш потврдно, тогаш со сигурност си пречувствителна личност и тоа ти создава тешкотии во животот.

Федерика Боско отсекогаш знаела дека е пречувствителна. Уште од мала не ги сфаќала работите како другите деца, туку сè доживувала на своја кожа и многу подлабоко.

Овој нејзин интимен дневник е практичен прирачник за сите кои размислуваат многу и се грижат премногу, но истовремено и за оние кои сакаат да ги разберат пречувствителните луѓе.

Avtobiografija-na-Kiril-Lazarov (2).jpg

Секогаш на победа – Кирил Лазаров

„Секогаш на победа“ е автобиографското дело на еден од најдобрите ракометари во 21-от век, Кирил Лазаров.

Најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите и рекордер по многу основи во светот на ракометот, на хартија ја пренесе својата ракометна и животна приказна во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Balkan-handball“.

Патувањето од родното Свети Николе до Нант, каде што ќе ги закачи „патиките на клин“ во летото 2022 година, е опишано на интересен начин со бројни анегдоти и лекции кои ќе бидат водич за новите генерации и потсетник за современиците на голема кариера.

Avtobiografija-na-Kiril-Lazarov (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 книги што може да ги подарите за 8-ми Март Цветот ќе овене, добрата книга со посвета ќе остане спомен засекогаш. На вашите ...
Одржана промоција на два нови романи на авторката Краличин Во просториите на Café Литература во Дајмонт мол на 15 февруари 2024 година со п...
3 летни приказни за авантуристи и романтични души Ако сте романтичар и уживате во љубовните приказни, тогаш овие три романи се сов...
3 книги наменети за читатели со префинет вкус Дaли за вас книжевноста е „духовна храна“ или читате сѐ што ќе ви дојде во рака?...
3 одлични романи за да го завршите месецот на книгата Приказни за жените кои биле повредени од најблиските, но и за оние кои што живее...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg