Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Три книги од македонски автори кои пријатно ќе ве изненадат

Најдобрата работа кај книгите напишани на македонски, мајчин јазик? Тоа што може да бидете сигурни дека немаат „утка“ во преводот. Доколку сте љубители на домашна литература, добрата вест е дека многу млади, македонски автори прават сè похрабри чекори на книжевната сцена.

Tri-knigi-od-makedonski-avtori-01.jpg

Нема да се покаете доколку им дадете шанса на следните три бидејќи веруваме дека пријатно ќе ве изненадат:

Во војната и љубовта – Верица Митева

Сара е девојка која отсекогаш имала проблеми со самодовербата и нејзиното јас е потиснато од егото на нејзиното долгогодишно момче.

Но, една ноќ, кога поради силно невреме е принудена порано да се врати дома и го наоѓа со друга девојка во куќата во која заедно живеат, нејзиниот свет се руши и таа е принудена да се промени и да почне да се залага за себе.

Марко е исклучително амбициозен и успешен маж за кого и покрај целиот успех, најважни остануваат семејните вредности. Тој премногу го цени своето семејство, а уште повеќе сака да оформи свое.

Но, кога е оставен од долгогодишната девојка ноќта кога сака да ја запроси, решава дека сите вредности кои нему му се свети, очигледно не се тоа што жените го бараат.

Токму таа ноќ, кога животите им се променети засекогаш, Сара и Марко се среќаваат, но не на добар начин.

Tri-knigi-od-makedonski-avtori (3).jpg

Јас во суперлатив – Јована Матеввска - Атанасова

Во длабочината на колективното минато се крие вулкан од кој извираат генерации непокорливи жени. Колку долго и да бил заспан, тој активно тлее, спремен да исфрли сè што затрупал. Жената е таков вулкан.

Оваа книга ќе ти помогне да се воодушевуваш на формите кои духовната магма ги остава зад себе. Да го откопаш фосилот на едно минато. Да еруптираш.

Да ја покажеш својата величествена сила. Да изненадиш. Да бидеш примерот од кој останатите ќе учат.

Tri-knigi-od-makedonski-avtori (1).jpg

Се сакаме кога никој не гледа – Ангела Пенова

Единствената работа која Енџел сака да ја заборави во животот, постојано ѝ е во мислите. Таа го остава минатото таму каде што припаѓа, но потоа сфаќа дека минатото е нејзината иднина. 

Кристијан е дете од домот, но денес позната музичка ѕвезда. А, таа нема слушнато ниту една негова песна. Сè до оној момент кога случајно се препознава низ стиховите што ги слуша на радио.

Неговиот обид да ја ослободи низ песни, го прават сè повеќе ранлив. Дали Енџел ќе успее да ги пополни празнините што тој целиот свој живот ги носи?

Tri-knigi-od-makedonski-avtori (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg