Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Без кои книги не треба да го напуштите претстојниот „Саем на книгата 2021“ (I дел)

И оваа година, сите вистински љубители на книгите повторно ќе се обединат на отворено, исто како и лани, во близина на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Саемот на книгата ќе се одржи од 8 до 14 септември, а македонските издавачки куќи ветуваат многу одлични наслови и попусти.

Bez-koi-knigi-ne-treba-da-go-napustite-pretstojniot-saem-na-knigata-2021-01.jpg

Без кои книги дефинитивно не треба да го напуштите претстојниот саем на книгата?

Млечни заби – Хана Корнети (Или Или)

„Збирката раскази ’Млечни заби‘ е првата книга на Хана Корнети. Десетте раскази ги опфаќаат слатките и неслатки маки при растењето како што се бледеењето на детството, кревката вечност на пријателствата, безначајните соништа и поучните кошмари, смртта на блиските, своеволието на книжевните ликови и првите симпатии.

Bez-koi-knigi-ne-treba-da-go-napustite-pretstojniot-saem-na-knigata-2021 (2).jpg

Демнач во ноќта – Крис Картер (Сакам книги)

Неидентификувано женско тело пристигнува во мртовечницата во Лос Анџелес. Причината за смртта сè уште е нејасна. Таа нема видливи повреди и рани; освен тоа што најинтимните делови од нејзиното тело се зашиени со дебел црн конец.

Но она што најмногу го шокира обдуцентот е фактот дека убиецот оставил нешто внатре во неа. Нешто толку монструозно, што детективот Роберт Хантер го тргаат од друг тековен случај за да ја преземе оваа истрага.

Bez-koi-knigi-ne-treba-da-go-napustite-pretstojniot-saem-na-knigata-2021 (3).jpg

Тажниот гостин – Матијас Наврат (ТРИ)

Среде зима во туѓ град, еден млад човек почнува да ја раскажува својата приказна испреплетувајќи ја со туѓи биографии, за да не го изгуби чувството на припадност. Трагајќи по нејзината смисла, бара одговор за суштината на животот и смртта.

Дали тој одговор лежи во архитектката Дорота, која со својата интелектуална енергија и егзистенцијалистичките монолози поттикнува уште повеќе прашања? Или пак во несреќниот Даријуш, хирург кој ја губи работата поради проблеми со алкохолот?

Bez-koi-knigi-ne-treba-da-go-napustite-pretstojniot-saem-na-knigata-2021 (6).jpg

Девет совршени туѓинци – Лијан Моријарти (Арс Ламина)

Девет луѓе се наоѓаат во оддалечено велнес одморалиште. Некои се тука за да ослабат, некои за да си го рестартираат животот, а некои се тука од причини што не можат да си ги признаат ниту самите на себе.

Среде луксузното опкружување на одморалиштето, среде сесиите по сосредоточеност и медитација, за брзо време сфаќаат дека овие десет дена можат да испаднат пресвртница во нивните животи. Но, никој од нив не може ни да си замисли колкав предизвик ќе бидат десетте дена што им претстојат.

Bez-koi-knigi-ne-treba-da-go-napustite-pretstojniot-saem-na-knigata-2021 (1).jpg

Лаги што поврзуваат – Емили Гифин (Матица)

Дали е можно да се сака човек кој не е тоа што се претставува дека е? Смирувачко и емоционално патување во потрагата по љубов и вистина во нашите врски, кариери и длабоко во нашите срца.

2 часот по полноќ во една пролетна, саботна вечер. Сесили Гарднер седи сама во бар во Њујорк, анализирајќи го нејзиниот живот. Дали направила страшна грешка кога раскинала со своето долгогодишно момче Метју. Кога неочекувано, еден глас ќе ѝ довикне – Немој да го правиш тоа, ќе зажалиш.

Bez-koi-knigi-ne-treba-da-go-napustite-pretstojniot-saem-na-knigata-2021 (4).jpg

Порака во шише – Јуси Адлер-Олсен (Антолог)

Израснат во екстремно религиско семејство, кога пораснал, безмилосно тргнал во поход да им се одмазди на сите секти за своето несреќно и заробено детство. Планот му го загрозува шише, пронајдено на морски брег, а потоа со години заборавено во шкотска полициска станица. Во шишето се наоѓа порака што е мошне уништена и тешко читлива. Единствено може да се забележи: ПОМОШ!

Кога шишето стигнува во рацете на инспекторот Карл Морк во Данска, заедно со помошниците Асад и Роуз тој ќе успее да дешифрира повеќе букви од пораката.

Bez-koi-knigi-ne-treba-da-go-napustite-pretstojniot-saem-na-knigata-2021 (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

 

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg