Професиите на писателите пред да станат славни – Џејмс Џојс имал кино, а Агата Кристи работела како медицинска сестра
Со цел да се издржуваат финансиски себеси, но и своите семејства, познатите автори пред да станат славни морале да работат со полно работно време.
Секој славен писател ќе признае дека пред да доживее книжевен успех имал некоја сосема друга професија.
Впрочем, кои биле нивните професии пред славата?
Творецот на Шерлок Холмс, Артур Конан Дојл, по занимање бил лекар кој за време на Бурската војна во Јужна Африка работел како хирург. Тој поминал и 7 месеци на брод во текот на една арктичка експедиција.
Авторот на „Ловец на змејови“, Калед Хосеини, по професија е исто така лекар кој никогаш не мислел дека ќе стане писател.
Агата Кристи во текот на Првата светска војна 4 години негувала ранети војници во Девон, а потоа работела како помошничка во аптека. Своето знаење во врска со фармацевтските производи подоцна го искористила во своите детективски романи.
Чарлс Дикенс, креаторот на „Оливер Твист“ како 12-годишно момче работел во фабрика за обувки по 10 часа дневно. Во текот на животот работел и како фриленс новинар и правен референт во една лондонска адвокатска канцеларија.
Фјодор Михајлович Достоевски по желба на своите родители се запишал на воено-инженерскиот институт во Санкт Петерсбург, иако имал сосема други интереси и го мразел отслужувањето на воениот рок. Сепак, дипломирал и се вработил како инженер. Во слободното време се занимавал со преводи од француски јазик, а дури подоцна почнал да се занимава со пишување.
Џон Голсворди, авторот на „Сагата за Форсајтови“ завршил правен факултет на Оксфорд, но ја напуштил правничката професија, со цел да му се придружи на семејниот бизнис поврзан со бродски превоз. Во наредните неколку години патувал низ светот каде што го запознал бродскиот офицер Џозеф Конрад кој исто така станал писател.
Ирскиот писател Џејмс Џојс ги напуштил студиите по медицина, работел како пејач, пијанист и предавал англиски јазик во Хрватска и Италија. Во декември, 1909 година се вратил во Ирска и го отворил првото кино во Даблин, но бизнисот му пропаднал за една година.
Франц Кафка докторирал на Универзитетот Чарлс-Фердинанд во Прага, па неговата „Процес“ не доаѓа како особено изненадување. Неколку години работел во осигурителна компанија, а потоа бил коосновач на фабрика за азбест.
(О)Милена | Црнобело