Да се одбере „Карма“ значи да се одбере среќен живот – 3 нови книги кои ќе ви го сменат погледот кон светот
Неизвесна драма за луѓе кои отишле „на крајот на светот“ во потрагата по мирен и хармоничен живот исполнет со нови шанси. Комична приказна за луѓето денес и вечното прашање – зошто се толку вознемирени? И на крајот, долгоочекуваната книга на Садгуру која зборува за кармата.
Таа мала, а така битна компонента на животот која нè тера да си ги преиспитаме сите наши одлуки. Подготвени за читање нови, прекрасни книги?
Прекрасната самотија – Кристин Хана
Ернт Олбрајт губи уште едно работно место и носи импулсивна одлука: решава да го пресели семејството на север, во Алјаска.
13-годишната Лени се осмелува да се надева дека новата земја ќе води до подобар живот за нејзиното семејство. Таа е очајна да припаѓа некаде. Нејзината мајка, Кора, ќе направи сè и ќе отиде дури и на крајот на светот за човекот што го сака, па макар и тоа значело да го следи во непознатото.
На почетокот се чини дека Алјаска ќе биде одговор на нивните молитви. Во дивината наоѓаат страшно независна заедница полна со силни мажи и уште посилни жени. Убавината надвор почнува да бледее во споредба со опасностите внатре во домот.
Вознемирени луѓе – Фредрик Бакман
Неуспешен ограбувач на банка се затвора со група луѓе со чудни, необични карактери. Разбојникот на крајот ќе се премисли и ќе ги пушти сите заложници, но, кога полицијата влегува внатре, станот е – празен.
Во серија од дисфункционални сослушувања на сведоците во полициската станица, читателот има можност да ги следи детално различните верзии на тоа што всушност се случило, при што се развива едно класично составување на мозаик околу неколку прашања: Како успеал да избега разбојникот? Зошто се сите толку гневни? И во што е проблемот со луѓето во денешно време?
Карма – Садгуру
Пред над е книгата најпознатиот светски духовен водич, мистик и визионер – Садгуру! Да го ослободиме духот преку демистификација на поимот карма и да почнеме да го живееме животот онака како што заслужуваме – исполнето!
Сите жедни по вистината, да почнеме со откривањето. Кармата е основата на човековото постоење, на еден промислен и урамнотежен живот. Да се одбере Карма значи да се одбере среќен живот.
(О)Милена | Црнобело