3 секси книги кои ќе ви ги заскокоткаат сетилата и ќе ви ја разгорат фантазијата
Возбудливи, интензивни книги натопени со еротска фантазија и доза љубовен адреналин кои ќе ви ја разгорат фантазијата.
Температурите полека се качуваат, но дефинитивно врз нив не влијае само климата, туку и следните 3 книги за сите оние кои сакаат да ја разгорат страста во својот живот:
Шефот од соништата – Вај Киленд
Вечерта кога го запознав Чејс Паркер, не оставив добар, прв впечаток. Се криев во ходникот пред тоалетите во еден ресторан за да ѝ оставам порака на мојата најдобра другарка со цел да ме спаси од ужасниот прв состанок.
Тој го наслушнал мојот муабет и ми рече дека сум кучка, а потоа продолжи да ми дели љубовни совети. Па му реков на тоа високо, арогантно, згодно копиле да си ја брка неговата работа и се вратив на мојот состанок…
Кога се разделивме, мислев на него повеќе отколку што требаше, иако знаев дека никогаш веќе нема да го видам. Колкави се шансите да излезе дека некој месец подоцна, баш тој ќе ми биде новиот секси шеф?
Егзибиционистот – Тара Сју Ми
Аби Кинг има тајна фантазија. Натаниел Вест е успешен и многу згоден директор на компанијата Вест во Њујорк, но Аби знае дека тој е многу повеќе од тоа: секси егзибиционист кој сака да доминира со својата потчинета.
Копнеејќи да го искуси тој свет на задоволство, Аби знае дека таму се крие нешто многу поинакво од едноставниот свет во кој таа живее и работи како библиотекарка. Аби ќе му се понуди на Натаниел, исполнувајќи ги нејзините најскриени желби.
Деликатно злосторство – Сержио Сант’Ана
Напнатата приказна на Антонио Мартинс е сместена во фантастичниот Рио де Жанеиро во Бразил. Тој е театарски критичар кој еден ден по игра на случајност ќе се вплетка со Агнес, млада куца жена за која не знае речиси ништо.
По долга потрага да ја најде повторно, Мартинс открива дека Агнес е модел на уметникот Бранкати и открива сигнали дека неговиот однос кон Агнес се движи меѓу татко и садист. Во момент на слабост ќе се случи нешто што тој го гледа со едни очи, а привлечната девојка со сосема други.
(О)Милена | Црнобело