-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 одлични „причини“ зошто да (си) подарите книга од македонски автор за празниците

Се нервирате со лоши преводи, ужасна лектура на книги од странски автори? Тој проблем е апсолутно надминат со книги од домашни автори. 

Zosto-da-podarite-kniga-od-makedonski-avtor-01.jpg

Доколку мислите дека немаме квалитетна современа литература, време е да свртите нови страници.

Воедно, доколку сте во потрага по одличен подарок за блиските, или пак сакате да се почестите себеси за новогодишните празници, книгата е совршено решение. 

Препорачуваме три одлични книги од македонски автори, за себе или за подарок:

Во главата слушам песна – Елизабета Баковска

„Кратки раскази, внимателно структурирани, уметнички ефективни и емотивно топли“. Баковска е вистински мајстор, суптилно издвојува значајни и навидум безначајни животни фрагменти во кои апсолутно ќе се препознае секој од нас.

Цел еден универзум распослан на страничка или две. Ќе си ги препрoчитате неколкупати и ќе размислувате одново и одново за нив.

Zosto-da-podarite-kniga-od-makedonski-avtor (1).jpg

Нечесна игра – Верица Митева

Викторија и Филип работат како дизајнери во конкурентски фирми за изработка на мебел. Во истата недела двајцата добиваат наредба од нивните шефови „да се зближат“ со конкурентскиот дизајнер и да ги украдат скиците за претстојниот саем за мебел, бидејќи тоа е најважниот настан и период за сите фирми за мебел во државата.

Немајќи друг избор, тие неволно се согласуваат затоа што не сакаат да ја изгубат работата. Така започнуваат да се гледаат и двајцата размислуваат за начини како да го спроведат планот и да дојдат до целта. Но, помеѓу нив почнува да се раѓа нешто сосема друго…

Zosto-da-podarite-kniga-od-makedonski-avtor (2).jpg

Шардоне и шпагети карбонара – Марта Димитров

„Шардоне и шпагети карбонара“ е навидум љубовен роман, во кој се вплеткуваат приказните за Миа и Милан како пријатели и за Ксенија, како девојка на Милан.

Освен случувањата околу овие две релации – пријателската меѓу Милан и Миа, и љубовната меѓу Ксенија и Милан, низ романот се отсликува и хобито на главната хероина како млада писателка.

Вагајќи низа свои постапки, ликовите констатираат дека зрелоста нема врска со годините, туку со себенадминувањето во обидот да се спречат егото и ароганцијата.

Zosto-da-podarite-kniga-od-makedonski-avtor (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 забавни книги, на попуст, кои може да ги прочитате ова лето Под мотото „Земи здив и нурни во добра книга“, издавачката куќа Арс Ламина нуди ...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg