Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 романси кои ќе ви ја разбудат потребата за љубов

Имаме три нови предлози кои дефинитивно ќе ја разбудат нежната, романтична страна кај секој од нас. Љубов, романса, мистерија, неверојатни заплети кои може да ги скројат само најголеми мајстори, како Барико, на пример.

3-romansi-koi-ke-vi-ja-razbudat-potrebata-za-ljubov-01.jpg

Времето за читање и за љубов во нашите животи е токму сега:

Единственото сеќавање на Флора Бенкс – Емили Бар

17-годишната Флора Бенкс има амнезија. Сè што ѝ се случува, го заборава многу брзо. Постојано се обидува да се сети на минатото. Но, таа живее сега и тука. Една вечер ќе го бакне Дрејк и тоа ќе промени сè. Флора се сеќава на тој бакнеж. Тоа е првото сеќавање што успеала да го зачува од својата десетта година.

Но, Дрејк ќе отиде на Северниот пол на Арктикот. Ќе успее ли таа да го пронајде? Ќе ѝ помогне ли тој да си го врати паметењето? Ќе успее ли љубовта да ја победи амнезијата на Флора? Не ѝ преостанува ништо друго освен да се обиде. Мора да го пронајде Дрејк, без оглед на сè.

3-romansi-koi-ke-vi-ja-razbudat-potrebata-za-ljubov (1).jpg

Младата сопруга – Алесандро Барико

Почетокот на минатиот век. Ветената сопруга е млада, пристигнува оддалеку. Семејството ја пречекува во елегантната резиденција надвор од градот. Синот не е тука, отсутен е бидејќи се грижи за зделките на успешното текстилно претпријатие. Испраќа необични подароци.

Сопругата го минува времето во куќата во која владеат ритуалните навики, особено бескрајните и богати појадоци. Таму преку ден владеат возбудата, радоста, полетот, директно пропорционални на вознемиреноста, на грчот во ноќните часови, бидејќи, како што вели легендата, во текот на повеќе генерации, токму тогаш мажите и жените од семејството умираат.

3-romansi-koi-ke-vi-ja-razbudat-potrebata-za-ljubov (2).jpg

Напишано со тебе – Али Мартинез

„Никогаш не сакав да бидам татко. Не сакав никому, а најмалку на невино дете, да му ја пренесам гнасотијата што течеше низ моите вени – тоа ми личеше на трагедија. Но ете, таа сега беше таму, на мојот праг – со розови обравчиња, црвена коса и дефинитивно моја.

Некако, тоа мало девојченце стана најдоброто нешто што некогаш ми се случило. Беше невозможно да останам изгубен во минатото кога јас бев единствениот на светот кој можеше да ѝ донесе безбедност и заштита во иднината. И затоа, кога мајка ѝ конечно реши да се врати по неа четири години подоцна, јас бев подготвен за борба.

Само камо среќа да можев да не се заљубам во неа за време на војната…“

3-romansi-koi-ke-vi-ja-razbudat-potrebata-za-ljubov (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 мистериозни романи за велигденскиот викенд Необични и испреплетени судбини, тајни кои се кријат со години, вел на мистерија...
Три книги за сечиј вкус, одлични за празничните денови Книга за необично пријателство, морничав трилер и силен роман за љубовта и прежи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg