7 ремек-дела на Албер Ками кои вреди да се прочитаат
Албер Ками е еден од најпознатите француски писатели и филозофи.
Роден е во Мондова, Алжир на 7 ноември 1913 година, а починал во Вилблевин, Франција на 4 јануари 1960 година, во сообраќајна несреќа.
Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1957 година. Сите списи на овој писател се засноваат на основната идеја за апсурдноста на човековото постоење.
Започнува од негативен став кон денешниот современ човек и за разлика од тоа ги идеализира античките Грци.
Во есејот „Бунтовник“ тој прикажува некои од неговите лични ставови.
Неговата религиозност е предмет на многу дебати и во овој поглед тој напишал: „Јас не верувам во Бога и не сум атеист“.
Во продолжение ви издвојуваме 7 книги на овој нобеловски писател кои навистина вреди да ги прочитате:
1. „Митот за Сизиф“, 1942 година
Есејот „Митот за Сизиф“ е инспириран од идејата за живот како периодичен циклус.
Сизиф е лик од грчката митологија кој Боговите го осудиле постојано да турка еден голем, кружен камен до врвот на една планина, од која каменот повторно паѓа поради неговата тежина.
Тие сметале дека нема пострашна казна од бескорисната и безнадежна работа. Митот за Сизиф од Алберт Ками е прераскажување на апсурдот.
Во него, Ками зборува за апсурдно расудување, апсурден човек, апсурдна креација.
2. „Странецот“, 1942 година
Првиот роман на Албер Ками, објавен во 1942 година. Се смета за еден од најзначајните романи на француската литература од 20 век.
Содржи една од најдобрите прикажувања на апсурдноста со која се справувал Ками и многумина сметаат дека е негово најдобро дело.
Главниот лик на романот е службеник со име Мерсо, кој на погребот на својата мајка не само што не заплакува, туку и не покажува жалење или какви било други емоции.
Романот има извонредни описи за неговиот монотон и досаден живот.
Странецот е ден-денес широко читана и почитувана книга и таа е меѓу стоте книги на векот на списокот од списанието Ле Монд.
3. „Калигула“, 1944 година
Една од најпознатите театарски пиеси на Албер Ками, за првпат објавена во 1944 година.
Дејствието се врти околу римскиот император Калигула и неговата очајна реакција на смртта на Друсила, неговата сестра и љубовница.
Маестралниот Ками низ спектакуларен стил го доловува сознанието на императорот дека луѓето умираат несреќни и дека нивните животи се бесмислени.
Калигула се бунтува против оваа идеја, обидувајќи се да употреби убиство и суровост за да воспостави ред и контрола над неговиот живот.
4. „Чума“, 1947 година
„Чума“ е филозофски роман од францускиот писател Албер Ками објавен во 1947 година.
Дејството се одвива во алжирскиот град Оран, а низ романот се полемизира за судбината и суштината на човековото постоење.
Ликови во романот се лекари, туристи, и бегалци, и преку нив се осознава како чумата дејствува врз населението.
Се претпостававува дека романот е инспириран од епидемијата на колера која убила голем дел од жителите на Оран во 1849, кога Алжир бил француска колонија.
5 „Пад“, 1956 година
Филозофски роман на Албер Ками. За првпат објавен во 1956 година и воедно негово последно комплетно фикциско дело.
Главниот лик, Жан-Баптист Кламенс е успешен париски адвокат, кој го препознава длабокото лицемерие на неговото постоење.
Неговиот епиграмски и пред сè вознемирувачки монолог постепено се засилува, а со тоа ја подигнува самозадоволноста на читателот.
6. „Првиот човек“, 1994 година
„Првиот човек“ на Алберт Ками е автобиографски роман. Романот започнува такашто главниот лик, Жак Кормери бара информации за неговиот татко, Анри.
Тој не се сеќава на него бидејќи Анри починал уште кога Жак бил новороденче. Жак сепак сака да знае сè за своите корени и поради тоа тргнува во потрага.
Тој заминува да го посети гробот на неговиот татко, кој се наоѓа во еден град во близина на Париз.
7. „Среќна смрт“, 1971 година
Извонредно дело објавено единаесет години по смртта на Ками.
Овој роман ја раскажува приказната за човекот со име Патрис Меурсул и неговите патувања и искуства со различни жени.
Некои критичари веруваат дека овој роман е надоврзување на „Странецот“, но овие претпоставки не се со сигурност потврдени.
Приказната е поделена на два дела: Природна смрт и Совесна смрт.
Мила М. | Црнобело