Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што да читате за време на празниците - 5 предлози од Бил Гејтс

Како и секогаш, пред крајот на годината, Бил Гејтс повторно го создаде својот список на интересни книги што ги прочитал во претходните дванаесет месеци. 

Bil Gejts gi preporacuva ovie 5 knigi za zimskite praznici 01

Тој препорачува да ги подариме овие книги на нашите најблиски за Нова година, но и самите да ги прочитаме за време на зимските празници.

Следните 5 книги имале најголемо влијание врз основачот на Microsoft во 2019 година. Еве што ви препорачува Бил Гејтс:

Американски брак - Тајари Џоунс

„Ќерка ми мѝ го препорача овој роман за една афроамериканска двојка на американскиот југ, чиј брак е разнишан по ужасниот инцидент. Џоунс е толку добра писателка што успева да нè натера да сочувствуваме со двата главни лика, дури и кога еден од нив донесува многу тешка одлука“.

Овие вистини - Џил Лепор

„Џил Лапор успеа да го направи навидум невозможното: да напише книга за целата историја на САД во само 800 страници. Таа намерно ги потенцираше различните гледишта за одредени централни прашања и со тоа ја направи досега најискрената историја на земјата“.

Раст - Вацлав Смил

„Кога слушнав дека еден од моите омилени автори работи на книга за прогрес, не можев да дочекам да ја купам. Не бев разочаран. Како и со неговите претходни книги, не се согласувам со сè што напишал, но сепак сметам дека тој е еден од најмудрите мислители на денешницата“.

Bil Gejts gi preporacuva ovie 5 knigi za zimskite praznici 02

Подготвени - Дајан Тавенер

„Како што знае секој родител, подготвувањето на децата за живот после средно училиште е долга и тешка задача. Тавенер, која е поврзана со некои од најдобрите училишта во земјата, создаде водич за да ви помогне да го направите процесот што е можно поедноставен и плоден“.

Зошто спиеме? - Метју Вокер

„Во 2019 година прочитав неколку одлични книги за човековото однесување, но оваа беше далеку најинтересна. Секој знае дека добар сон е многу важен, но што значи ова во пракса и како да се одморите доволно?

Метју Вокер ме убеди да ги сменам навиките на спиење. Исто така, препорачувам да ги слушате неговите совети и да ја прочитате оваа книга“.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
„Мачето Мице“ - нова книга за деца во издание на ИЛИ-ИЛИ "Мачето Мице" е книга која ги следи домашните авантури на љубопитното маче Мице....
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 мистериозни романи за велигденскиот викенд Необични и испреплетени судбини, тајни кои се кријат со години, вел на мистерија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg