Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Три празнични книги кои ќе ви го стоплат срцето овој студен декември

Во овој период од годината кога сè околу нас е украсено, сè светка и сјае, добиваме неодолива желба да се стуткаме топло под омиленото ќебе и со топло чајче или варено вино и да прочитаме некоја добра книга.

Tri-praznicni-knigi-01.jpg

А има по подобра идеја од книги обоени со празнична тематика кои ќе ви го стоплат срцето во овој студен декември?

Божиќна песна - Чарлс Дикенс

Вистинска класика во книжевноста, ова ремек-дело на Чарлд Дикенс ја раскажува приказната за Скруџ, сметководител и невиден скржавец кој го мрази Божиќ.

Тој е себичен, намќорест, се чини дека во него нема грам љубезност ниту топлина. Но, за време на една студена божиќна ноќ, што одлучува да ја помине сам без присуството и љубовта на семејството и пријателите, Ебенизер ќе биде посетен од духот на својот покоен партнер Џејкоб Марли.

По него следуваат духовите на божиќното минато, сегашност и иднина, со чијашто помош Скруџ се соочува со сопствените гревови и се преобразува во доблестен човек.

Tri-praznicni-knigi (3).jpg

Божиќна мистерија - Јустејн Гордер

Едно момче наоѓа избледено, рачно изработено божиќно календарче во една книжарница. Од него паѓа превиткан лист на кој е напишан првиот дел од необичната приказна за малото девојче што патува назад во времето до Витлеем и раѓањето на Христос.

Во меѓувреме, испреплетената приказна за сегашноста излегува на виделина, и момчето дознава за чудниот човек што го направил календарчето и за девојчето што исчезнало на Бадник пред четириесет години.

*Книгата е достапна на македонски јазик.

Tri-praznicni-knigi (2).jpg

Нека снежи: три празнични романси - Џон Грин

Божиќ, а малиот заспан град Грејстаун е затрупан со снег. Но, времето е повеќе отколку само мала незгода. Кога една девојка неочекувано ќе слезе од еден заглавен воз, таа предизвикува низа на настани што засекогаш ќе променат неколку животи.

На крстопатот на трите приказни, првпат ќе се сретнат неколку туѓинци. И во центарот на снежниот Грејстаун – ќе расцути романсата! Исто како и во вашето топло, празнично срце.

Tri-praznicni-knigi (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
„Мачето Мице“ - нова книга за деца во издание на ИЛИ-ИЛИ "Мачето Мице" е книга која ги следи домашните авантури на љубопитното маче Мице....
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg