10 книги на Пауло Коелјо кои се читаат во еден здив
Пауло Коелјо се смета за највлијателниот современ писател. Неговите дела се продадени ширум светот во над 225 милиони примероци, објавени во 170 земји и преведени на над 80 јазици.
Роден е во 1947 година во Рио де Жанеиро и важи за еден од најинспиративните писатели со навистина турбулентно детство.
Неговото бунтовно однесување било причинител за неговите родители дури три пати да го однесат во психијатриска установа.
По излегувањето оттаму тој не застанал, така што и понатамошниот временски период го спознавал светот околу себе, патувал, истражувал со цел да се пронајде себеси, па дури и искусил некои пороци.
Во 1974 година бил уапсен од страна на тогашната влада поради тоа што неговите текстови се сметале зa опасни.
Пред да ја започне својата писателска кариера Пауло Коелјо работел како актер, новинар и театарски режисер.
Денес тој поседува своја издавачка куќа и нескромно може да се пофали со титулата на најпрочуен светски писател кој преку своите книги духовно ги исполнува и подучува луѓето ширум целиот свет.
Во продолжение ви издвојуваме 10 негови дела кои навистина вреди да ги прочитате:
1. Алхемичарот, 1988
Обележје на неговата писателска кариера.
Бестселер од кој се продадени повеќе од 110 милиони примероци со што оваа книга станала една од најдобро продаваните книги во историјата, која е преведена на повеќе од 70 светски јазици и која истовремено го собори Гинисовиот рекорд како книга од сѐ уште жив автор.
Приказна која плени со својата едноставност и инспирира со својата мудрост.
Главната улога ја презема младиот андалузиски овчар Сантијаго, кој од родната Шпанија оди во египетската пустина за да најде скриено богатство закопано под пирамидите.
Никој не знае какво богатство е во прашање или дали Сантијаго ќе може да ги надмине пречките што стојат на неговиот пат, но она што започнува како потрага по богатството низ светот, се претвора во потрага по богатството што се наоѓа во нас самите.
Зачудувачка, живописна и длабока приказна која е вечен доказ за моќта на нашите соништа и колку тие можат да нè трансформираат и да нè поттикнат секогаш да веруваме на нашите срца.
2. Победникот е сам, 2008
Напнат роман чија приказна се одвива во гламурозен свет на мода и филм, со криминален заговор и опсесија со славата.
Отсликување на луѓето никогаш не се задоволни од ништо. Ако имаат малку, тие сакаат многу. Ако имаат многу, тие сакаат уште повеќе.
Приказната што следи е огледало на светот во кој живееме, каде трката за богатство и успех често нè спречува да слушнеме што шепоти нашето срце.
Во романот „Победникот е сам“, Коелјо нè води на Канскиот филмски фестивал, каде се собираат познати личности од светот на модата и филмот.
Некои од нив го достигнале врвот и стравуваат дека можеби еден ден ќе го доживеат својот пад.
Парите, моќта и славата се секогаш на прво место и за нив тие се подготвени на сѐ.
3. 11 минути, 2003
„Животот е премногу краток или премногу долг за да си дозволиме да живееме лошо. Си беше еднаш една проститутка Марија“ - почетокот на ова грандиозно дело кое всушност ни раскажува приказна за една девојка чие срце ја запознава љубовта и за прв пат страда од неа.
По одреден сплет на околности таа заминува да живее во Женева и претходно потпишувa договор кој и не толку добро го прочитала.
Оттука за неа започнува нов живот, онаков каков што никогаш не помислила.
4. Брида, 1990
Романот за младата и убава Ирка, Брида и нејзината потрага по смислата на светот, напишана од Паоло Коелјо веднаш по„ Алхемичарот“ претставува трогателна приказна во врска со еротиката и нејзината духовна страна.
Во „Брида“, еден од најдобрите романи на Коелјо, овој господар на книжевноста ја раскажува приказната за убавата Ирка Брида, која сака да се поткрене духовно и да се стекне со знаење за светот.
Во оваа нејзина потрага таа се среќава со две лица кои ќе ја посочат кон вистинскиот пат: еден мудар маж кој ќе и помогне да ги надмине своите стравови и една жена која ќе ја научи да ја слуша скриената музика на светот..
Во потрага по нејзината судбина, сепак, Брида ќе мора да ја најде рамнотежата помеѓу љубовта и желбата за промени и станува сè повеќе свесна дека мора да ги следи само своите амбиции.
5. Крај реката Педра седев и плачев, 1994
Станува збор за уште еден светски бестселер. Возвишена, едноставна и љубовна приказна.
Пилар и нејзиниот сопатник се запознале во детството, во младоста се оддалечиле и повторно се запознаваат 11 години подоцна.
Таа, жената која животот ја научил да биде силна и да не се занесе во чувствата. Тој, човекот кој има дарба да ги лекува другите и преку религијата да бара решенија за неговите внатрешни конфликти.
Тие се соединуваат барајќи пат кон своите соништа.