10 книги на Пауло Коелјо кои се читаат во еден здив
6. Ракописот од Адра, 2012
14 јули, 1099 година Ерусалим очекува инвазија од крсташите кои ја имаат опколено градската порта.
Таму зад градските бедеми, мажи и жени на сите возрасти се собираат да ги слушнат зборовите на мистериозниот човек познат само како Коптот.
Тој ги повикува жителите на градот за да одговори на нивниот страв со вистина, надеж и утеха.
Започнуваат прашања за поразот и борбата, па следуваат оние за доблеста, лојалноста и самотијата и на крајот се поставуваат прашањата за убавината, љубовта, мудроста и за тоа што го носи иднината.
7. Скитникот Мактуб, 1994
Ризница на мудрост од различни култури и народи. Што друго да се очекува од највлијателниот писател, Паоло Коелјо.
Инспириран од најразлични извори и фолклор тој повторно ја покажува уникатната вештина да го скрои целиот мозаик на усните традиции на многу народи низ неговиот уметнички процес и карактеристичен стил.
Оваа книга претставува размена на искуства и навистина е шанса на секој човек да се рефлектира и да се соочи со самиот себе.
8. Захир, 2005
Љубовта е дива моќ. Кога се обидуваме да ја скротиме, таа нè уништува.
Кога се обидуваме да ја затвориме, таа нè плени.
Кога се обидуваме да ја разбереме, остануваме изгубени и збунети.
Захир е фасцинантна приказна за патување, опседнатост за изгубената љубов, слобода и лична амбиција.
Еден ден познатиот писател дознава дека неговата сопруга, воен известувач, исчезнала без трага. Иако времето му донесува нови успеси и нови љубови, нејзиното исчезнување се повеќе го збунува и сѐ повеќе го опседнува.
Дали е киднапирана, станала жртва на уцена или едноставно нивниот брак ѝ здодеал?
9. Вештицата од Портобело, 2006
Атена е жена со природна дарба. Таа е посвоено дете на Либанка и успешен деловен човек од Бејрут.
Со своето семејство се преселува во Лондон, кратко по избувнувањето на војната во нејзината земја.
На факултет го запознава човекот кој ќе стане татко на нејзиното дете, но бракот бргу се растура.
Доживувајќи да биде мајка, Атена не може да престане да размислува за жената што ја донела на овој свет и за да може да сфати зошто ја напуштила, одлучува да замине на пат во Романија во потрага по нејзината биолошка мајка.
Романот е порака за колективна одговорност на природата која ја потврдува женската суштина на постоење.
10. Вероника реши да умре, 1998
Извонреден и необичен портрет на една млада жена која се наоѓа на крстосницата помеѓу очајот и ослободувањето.
Извонредниот Коелјо ја раскажува приказната за 24-годишната Вероника која има совршен живот, но сепак решава да се самоубие.
Оваа книга е заснована на искуството на Паоло Коелјо во различни ментални институции.
Таа се темели врз предметот на лудило. Главното обележје е дека колективното лудило се нарекува разум.
Мила М. | Црнобело