10 книги кои сосема ќе го променат вашиот начин на размислување
6. „Сапиенс“ - Јувал Ноа Харари
Иако можеби е претеран фактот дека некои ја сметаат оваа книга за најдобрата книга на сите времиња, сепак, големи умови како Бил Гејтс топло ја препорачуваат.
Едноставно напишана и лесна за читање, а сепак многу интересна и содржински богата, Сапиенс ја сумира целокупната човекова историја од антрополошки аспект и од аспект на еволутивната психологија на човекот.
Ни објаснува како историјата, економијата и биологијата ги обликуваат нашите личности и општества.
Книгата е преведена на повеќе од 30 јазици ширум светот.
7. „Алхемичарот“ - Пауло Коељо
Книга посветена на потрагата по среќа и исполнување на своите соништа.
Како да го следиме сопственото срце, да не бегаме, туку да ја прифаќаме нашата судбина и најважно од сѐ, како да ја осознаеме реалноста околу нас.
Напишана во препознатливиот стил на голем писател како Коељо, оваа книга е вистинско уживање.
8. „Малиот Принц“ - Антоан де Сент-Егзипери
Книга која нѐ воодушеви сите како деца кога ја сретнавме за првпат.
Книга која ќе нѐ запрепасти сите кога ќе ја отвориме како возрасни повторно.
Книга која отвора безброј прашања за смислата на животот и за вистинските вредности во овој свет.
Прекрасна компарација помеѓу детската наивна фантазија и возрасниот груб рационализам. Оваа книга ненаметливо нѐ потсетува дека не смееме да го загубиме детето во нас.
9. „Моќта на потсвеста“ - Џозеф Марфи
Своевиден прирачник за успех.
Книга која го сврте фокусот на пошироката јавност кон психологијата и се продаде во неколку милиони примероци.
Оваа книга ни покажува како преку промена на начинот на размислување можеме да дојдеме до драстично подобрување на нашиот живот.
Преку практични техники и конкретни примери, Џозеф Марфи ни ја открива огромната моќ на потсвеста врз сите животни сфери: среќа, семејство, партнерство, финансии...
10. „Уметност на војувањето“ - Сун Цу
Доколку сте бизнисмен или планирате да започнете свој сопствен бизнис, тогаш ова е книгата која морате да ја прочитате.
Сун Цу бил истакнат кинескиот филозоф, воен стратег и генерал чија книга цели 2 милениума е задолжително четиво за секој воен стратег.
Денес, во Западниот свет се смета за исклучително важно дело од областа на менаџментот, управувањето со човечки ресурси и секако од секојдневниот живот.
Целта на оваа книга е да се достигне непобедливост, да се издвојува победа без борба, да се стекне моќ што не може да биде совладана од противниците и да се биде ефикасен во секое поле.
Мила М. | Црнобело