10 книги кои сосема ќе го променат вашиот начин на размислување
Дали сте во потрага по книга чиишто страници сосема ќе го завладеат вашето внимание?
Во продолжение ви наведуваме десеттина магични книги за кои низ светот се крена навистина голема прашина:
1. „Човековата потрага по смисла“ - Виктор Франкл
Ова е книга која еминентниот психијатар Виктор Франкл ја напишал откако излегол од неколку концентрациони логори, каде што бил заробен поради своето еврејско потекло.
Неговата филозофија за наоѓањето на смисла во нашиот живот вреди да бидат споделувани и пренесувани засекогаш.
2. „Како се станува личност“ - Карл Роџерс
Книга која е напишана од уште еден еминентен психотерапевт и пионер во хуманистичкиот пристап кон третирање на психичките проблеми.
Во неа ги споделува неговите искуства и причини, поради кои ги отфрла претходно воспоставените техники на третирање на психичките проблеми и ни објаснува зошто емпатијата, безусловното прифаќање и разбирањето се клучот на една успешна и автентична личност.
3. „Мислење брзо и бавно“ - Даниел Канеман
Книга која навистина остана доследна на фамата која ја крена околу себе.
Таа загарантирано ќе го промени вашиот начин на размислување. Овде се собрани сите негови поважни поенти од целокупната негова работа како когнитивен психолог и бихевиорален економист.
Важно е да се напомене и дека Канеман е добитник на Нобелова награда од областа на економијата.
4. „Богат татко, сиромашен татко“ - Роберт Киосаки
Во оваа книга Киосаки ни објаснува што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе.
Исто така, низ примери ни покажува во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати.
Бестселер кој го растресе финансискиот свет.
Оваа книга не е од оние кои ни кажуваат како во неколку чекори да станеме побогати, туку ни помага преку длабока анализа на богатите и успешни луѓе сами да ја стимулираме сопствената финансиска интелигенција и да стекнеме контрола врз нашата финансиска иднина.
5. „Е баш ме заболе“ - Марк Менсон
Суперѕвездата во блогерските кругови Марк Менсон, нѐ води низ едно фантастично патување низ реалноста на тоа кои се наши предности а кои се наши недостатоци.
„Само ако ги прифатиме нашите стравови, грешки и несигурности и повеќе не бегаме од нив, туку напротив, почнеме да се соочуваме со нив – само така ќе можеме да тргнеме во потрага по храброста и самоувереноста, кои толку ги посакуваме. Животот не е фер, но мора да го прифатиме како таков“.