Како читањето книги да ви стане дневна навика?

Нешто после „треба да изгубам неколку килограми“, „треба да престанам да ги одложувам обврските“ и „треба да се заљубам“ доаѓа „треба да почнам редовно да читам книги“, како една од целите што многу луѓе си ги поставуваат. 

Kako citanjeto knigi da vi stane dnevna navika 01

Ако сакате да создадете навика за читање, прво треба да разберете дека читањето е многу пријатно, особено кога го читате вашиот омилен жанр или исклучително добра книга.

Ако се дружите со помалку интересна книга (или исклучително тешка), читањето ќе ви биде напорно.

Во такви ситуации, слободно оставете ја книгата и пронајдете ја книгата што ќе ве освои. Следниве совети ќе ви помогнат читањето да ви стане дневна навика.

Изберете посебно време за читање

Треба да имате неколку термини за читање во текот на денот, а треба да читате најмалку 10 минути. Ова е време кога ќе ја земете книгата во раката. На пример, создадете навика да читате за време на појадок или ручек.

Ако одлучите да читате секој пат кога ќе седнете на тоалетот или кога ќе легнете во креветот, што е најмалку 4 пати по 10 минути, ќе имате 40 минути за читање на ден, што е добар почеток.

Секогаш носете книга со вас

Ако патувате со јавен превоз или чекате преглед на лекар, извадете ја книгата и читајте. На тој начин  и времето ќе ви помине многу побрзо.

Kako citanjeto knigi da vi stane dnevna navika 02

Намалете со ТВ и интернет

Ако навистина сакате да читате повеќе, обидете се да го намалите времето поминато пред вашиот телевизор или интернет. Ова може да биде тежок предизвик за многу луѓе.

Сепак, еден час помалку пред вашиот телевизор или компјутер може да значи еден час повеќе за читање.

Читајте забавни книги

Дури и да не се книжевни ремек-дела, овие книги ќе ве натераат да сакате да ги прочитате - а тоа е и целта. Откако читањето ќе ви стане навика, ќе можете да преминете на потешките дела.

Kako citanjeto knigi da vi stane dnevna navika 03

Поставете си висока цел

Кажете си дека сакате да прочитате 50 книги оваа година (или некој друг број). Потоа обидете се да го постигнете тоа. Сепак, не заборавајте да уживате во читањето, а не да си создавате дополнителен стрес.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg