Книги кои ќе ве доближат до вистинските проблеми со менталното здравје и како е да се живее со нив

Новиот бран на книги кои датираат од последниве 5 години сè повеќе се приближуваат до проблемите поврзани со менталното здравје, особено кај помладите генерации.

Knigi-koi-ke-ve-doblizat-do-vistinskite-problemi-so-mentalnoto-zdravje-01.jpg

Бидејќи за ваквите работи треба да се зборува, а не да се кријат под тепихот со надежта дека истите ќе исчезнат. Поддршка за сите автори кои храбро кројат содржини поврзани со оваа тема.

Низ траги-комични и слатко-горчливи ликови и дејствија, прочитајте ги овие 4 книги кои ќе ви разјазнат многу работи поврзани со луѓето кои страдаат од проблеми со менталното здравје:

Потрага по Одри - Софи Кинсела

Одри е млада девојка која страда од анксиозност. Таа не излегува од дома, дури и во комфорната зона која одбива да ја напушти носи темни очила. Кога го запознава Линус, другарот на нејзиниот брат, тој ја поттикнува Одри повторно да почне да излегува од дома, за почеток барем до Старбакс.

Надежта кај Одри почнува полека да се враќа… дали може да ги прави сите оние работи од кои претходно ужасно се плашела?

Knigi-koi-ke-ve-doblizat-do-vistinskite-problemi-so-mentalnoto-zdravje (2).jpg

Каде исчезна, Бернадет? - Марија Семпл

Бернадет Фокс е во најмала рака најуникатната жена којашто сте ја запознале. Пионер во областа на зелената архитектура, своеглава, ексцентрична, дрска и асоцијална… сепак, за нејзината ќерка, 15-годишната Би, Бернадет е целиот нејзин свет.

Таа ѝ има ветено патување на Антарктикот, иако тоа е практично невозможно, со оглед на фактот што Бернадет панично се плаши од отворен простор. Но, еден ден Бернадет ненадејно исчезнува. Каде би можела да биде чудната и помалку „луда“ жена?

Knigi-koi-ke-ve-doblizat-do-vistinskite-problemi-so-mentalnoto-zdravje (4).jpg

Светот на рамена - Џенифер Нивен

Откако мајка ѝ ненадејно ќе почине, Либи се затвора дома. Во обид да ја замолчи својата тага, таа започнува да јаде огромни количини на храна, кои резултираат со многу, премногу килограми.

Но, сега е повторно подготвена да ѝ се врати на реалноста и да тргне во училиште.

Џек е фраер во секоја смисла на зборот. Но, зад неговата фасада која блеска со самодоверба се крие огромна тајна која тој не ја споделил сè уште со никого. Што ќе се случи кога Либи и Џек ќе се запознаат?

Knigi-koi-ke-ve-doblizat-do-vistinskite-problemi-so-mentalnoto-zdravje (3).jpg

Еленор Олифант е океј - Ханимен Гејл

Еленор Олифант има проблем со социјалните вештини. Таа секогаш го кажува токму она што го мисли. Нејзиното време е внимателно испланирано до последен детаљ и таа верува дека на ваквата рутина не ѝ недостасува ама баш ништо.

Сепак, Еленор е роб на навиките, а и прилично осамена. Но, работите се менуваат кога таа го запознава Рејмонд во компанијата каде што работи.

Кога таа и Рејмонд случајно ќе спасат еден постар човек кој доживува незгода на улица, ова необично трио ќе започне да се спасува меѓусебно од изолацијата во којашто живеат.

Knigi-koi-ke-ve-doblizat-do-vistinskite-problemi-so-mentalnoto-zdravje (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg