Уништувањето на книгите низ историјата

Без зборови, без пишување на книги, историјата нема да постои, нема да постои концептот за човештвото. Веројатно затоа книгите, како ниту еден друг човечки производ, биле уништувани и забранувани долго време. 

Subverznosta na knigite i nivnoto unistuvanje niz istorijata 01

Со векови свештенството на древните народи ги криело своите знаења, тајни писма и волшебни карактери. Од сумерските глинени плочки, египетскиот папирус, до печатот на Гутенберг и инкунабулата, книгите поминале низ долга развојна патека на обликување, употреба, уништување и забрана.

Антика

Првата асоцијација на стариот век и книгите е Александриската библиотека, изградена за време на Птоломеј I Сотер. Се претпоставува дека оваа библиотека содржела стотици илјади книги. Големите умови, како Еврипид, Архимед и Евклид, донирале свои книги за библиотеката.

Многу пати се обидувале да ја уништат, бидејќи го инкорпорирала јадрото на епохата. Александриската библиотека била изгорена многу пати, а најзначајни деструкции се римските (48 п.н.е.), христијанските (391 н.е.), исламските (642 п.н.е.).

Покрај уништувањето на Александриската библиотека, античката ера памети слични деструктивни потфати. Најпознатиот од нив, овековечен во есејот на Борхес, е настан познат како Горење на книгите, кој се случил во Кина во 3 век п.н.е.

Царот Чин Ши Хуанг, кој ја обединил Кина, сакал да раскрсти со минатото, па решил да ги запали сите книги и да ги убие сите учени луѓе од претходниот поредок. Само делата на Конфучие ја избегнале оваа трагична судбина.

Среден век

Овој период бил запаметен по доминацијата на Католичката црква, која, покрај уништувањето на забранетите книги кои имале еретички статус, издале и листа на книги кои требало да се уништат, т.н. „Index Librorum Prohibitorum“ во 1559.

Во тоа време биле уништени многу дела на Кеплер, Џордано Бруно, народни преводи на Библијата итн. Оваа листа била укината дури во 1966 година.

Subverznosta na knigite i nivnoto unistuvanje niz istorijata 03

Всушност, сите книги кои не се согласувале со црковната догма (со својата содржина) биле уништувани.

Современ либрицид

Технолошките откритија довеле до полесно објавување на книги. Моќта на книгата во 20-тиот век најмногу им пречела на тоталитарните идеологии, особено на нацизмот. Една од првите работи што ги нарачал Хитлер, кога дошол на власт во март 1933 година, било горење на несоодветните книги.

Климаксот на овој либрицид бил постигнат на 10 мај, 1933 година, со големо горење на книги на плоштадот Опернплац во Берлин. Делата на Ремарк, Троцки, Хајне и Велс биле уништени како дел од антисемитската пропаганда.

Subverznosta na knigite i nivnoto unistuvanje niz istorijata 02

Иднината на книгите

Начините на сузбивање на читањето можеби биле најдобро илустрирани во делата на Орвел и Хаксли, кои пишувале дека книгите ќе бидат уништени и забранети, или заменети со тривијална содржина.

Книгите се „опасни“, како симбол на културата, цивилизацијата и знаењето. Тие се чуварите на вековното наследство и патоказ кон надминувањето на сите пречки на напредокот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 одлични романи за да го завршите месецот на книгата Приказни за жените кои биле повредени од најблиските, но и за оние кои што живее...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg