Фраерски книги што и постарите треба да ги прочитаат

Доста беа сериозни тематики и филозофии. Понекогаш треба да си дадеме простор да се релаксираме со некоја книга за млади, барем да пробаме да го разбудиме детето во себе и на тој начин одново да се почувствуваме млади.

 fraerski knigi shto treba i postarite da gi procitaat 1

Предлог книги за млади кои треба да ги прочитаат и возрасните:

Стаклените деца – Кристина Улсон

Една од најуспешните шведски авторки на криминалистичка фантастика, покрај тоа што пишува за возрасни, сака да раскажува и приказни за помлада публика.

„Стаклените деца“ е нејзината прва книга за деца. И претставува интересна приказна, поврзана со низа мистериозни работи што се случуваат во новиот дом на Били и нејзината мајка.

Били колку повеќе го истражува новиот дом заедно со нејзините пријатели, толку повеќе открива застрашувачки факти за куќата во која живее.

„Стаклените деца“ во 2013 година е добитник на Награда за роман за деца.

fraerski knigi shto treba i postarite da gi procitaat 3

Како во филм – Винко Модерндофер

Словенскиот писател, сценарист и режисер е познат како сестран уметник. До сега е автор на збирки раскази, поетски книги, романи, драми, комедии, книги со есеи, како и филмски, телевизиски и театарски режии.

Романот „Како во филм“, кој во 2013 е прогласен за најдобар роман за деца и млади во Словенија, зборува за момчето Гашпер, вљубеник во Интернет и хорор-филмови.

Живее со мајка му Мајда и татко му Јоже, но сите негови денови се пропратени со проблеми со кои секој тинејџер се соочува. По една жестока караница на неговите родители, мајка му ненадејно исчезнува и од тој момент неговиот живот се менува од корен.

fraerski knigi shto treba i postarite da gi procitaat 4

Споменка – Горјан Петревски

И третиот предлог е книгата „Споменка“ од Горјан Петревски. Постарата генерација сигурно ја знае оваа книга, но би било навистина добро и да се препрочита.

Сите заедно да се потсетиме на првата љубов на Споменка и Бојан. И како некогаш да уживаме во приказната, како да е лично наша.

fraerski knigi shto treba i postarite da gi procitaat 5

Автор: Е.Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg