Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Црната книга од рускиот фолклор ветува моќи и вечно страдање

За црната книга се вели дека во своите страници ги содржи сите магични практики. Идејата за постоење на таква книга е многу стара и се појавува во разни митологии. 

Crnata kniga vo ruskiot folklor vetuva moki i vecno stradanje 01

Понекогаш волшебниците се познати и како "wernoknie'niki"- оние кои ја познаваат Црната книга. Руските селани верувале дека таквите волшебници ја учеле вештината на вештерството од демоните. Прво се верувало дека волшебникот морало да склучи договор со одреден демон на кој ќе му го дадел правото на животот и душата. Во замена, демонот би му ја дал Црната книга.

Кога волшебникот би умрел требало да ја подари оваа книга на некој друг, за да може да почива во мир. Доколку волшебникот не би го сторил тоа би бил проколнат да биде дух засекогаш.

Се вели дека овие духови доаѓаат на полноќ, седат на масата и јадат сè што им е понудено. Понекогаш се насилни и тропаат на вратите и прозорците или ги убиваат домашните животни. За да се ослободат од овие духови луѓето ги откопувале мртвите волшебници, потоа ги превртувале со лицето надолу во гробот и ги пресекувале нивните петици.

Crnata kniga vo ruskiot folklor vetuva moki i vecno stradanje 02

Додека се правело ова некој требало да рецитира одредени магични зборови. Откако би бил завршен овој ритуал починатиот волшебник повторно требало да се погребува.

Постарите лица во секое село имале многу приказни за Црната книга кои ги пренесувале од генерација на генерација.

Една таква легенда зборува за тоа како еден храбар, млад човек сакал да чита од Црната книга, која му ја оставил еден волшебник. Веднаш штом почнал да ја чита книгата пред него се појавил демон.

Crnata kniga vo ruskiot folklor vetuva moki i vecno stradanje 03

Во почетокот демонот на човекот му давал низа лесни задачи, за истите да станат потешки со текот на времето. Демонот постојано се враќал и барал нови задачи. Наскоро младиот човек уморен од работата, се откажал од извршување на истата.

Немилосрдните демони поради ова го убиле. Се вели дека од тогаш никој никогаш не се осмелил да ја допре Црната книга.

Оваа книга, според некои луѓе, се наоѓа на дното на морето, под камен наречен "Alatâr“.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мачето Мице“ - нова книга за деца во издание на ИЛИ-ИЛИ "Мачето Мице" е книга која ги следи домашните авантури на љубопитното маче Мице....
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 одлични книги за самопомош, што ќе ви ги откријат тајните за поголем душевен мир Како да научите да се ослободите и да побегнете од перфекционистичките очекувања...
Предлог наслови од познатите Македонци: Која книга им оставила најголем впечаток? Кои им се омилени книги на познатите Македонци? Која е една книга што им оставил...
Прва книга од нашата млада писателка Драгана Љотовска - Прирачник за личен и духовен развој На 12.02.2025г. се одржа промоција на првата книга на авторката Драгана од Скопј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg