3 нови и возбудливи книги кое ќе ве пренесат во друг универзум
Не можеш да си купиш среќа, но можеш да купиш многу книги, а на крајот од денот тоа е едно исто, нели? Овој пат одбравме 3 нови наслови со специфична и возбудлива содржина на коишто со задоволство ќе го потрошите вашето слободно време.
Микро раскази, книга за едно растење и созревање и возбудлив мистериозен хорор за деца… од стакло?!
Што треба да се најде на вашата листа за читање оваа пролет?
Сите наши тела – Георги Господинов
Најновата книга на најпреведуваниот бугарски автор Георги Господинов ни носи микро раскази за кратки зен медитации.
Господинов мајсторски нè вовлекува во неговиот свет, кој како и нашиот ги содржи истите елементи: раѓање, љубов, живот, смрт. Носталгија по едно време и едно детство, реални моменти кои премногу наликуваат на фантазија и соништа кои може да ги поистоветиме со јаве.
Совршена книга која се чита на едно седнување.
Книга за гробиштата - Нил Гејман
По бруталното убиство на неговите родители, малиот Ник Овенс ќе остане сам на светот. Напуштен од сите, ќе најде засолниште и љубов на најневообичаеното место – едни стари градски гробишта, каде што ќе го одгледаат духовите на луѓето кои се закопани тука.
Стоејќи на границата помеѓу животот и смртта, Ник ќе порасне во необичен младич кој конечно ќе ја открие вистината за себе дури откако ќе научи дека само љубовта ги надминува границите на смртта.
Стаклените деца – Кристина Улсон
Стаклените деца е првиот роман за деца на Кристина Улсон, една од најистакнатите авторки на криминалистички романи во Шведска.
Во новиот дом на Били и нејзината мајка се случуваат низа мистични работи. Изгледа како куќата да не сака да живеат таму. Заедно со своите пријатели Симона и Аладин, Били почнува да ја истражува темната историја на куќата. Сè додека една ноќ не ја разбуди тропање на нејзиниот прозорец…
Колку повеќе истражува, толку станува посигурна дека мора да ја напуштат куќата, и тоа колку што е можно побрзо, пред да се случи нешто страшно.
(О)Милена | Црнобело