3 книги од женски авторки кои силно ќе ве потресат

Идејата за насловот звучеше „Од жени за жени“, но тоа едноставно ќе беше неправедно, бидејќи овие книги треба да ги прочита апсолутно секој.

Od-zeni-za-site-3-knigi-od-zenski-avtori-01.jpg

Доколку сте подготвени да прочитате нешто покомплексно, книги за кои ќе треба да размислувате денови подоцна, наместо да ја заборавите содржината веднаш по завршувањето на последната страница, еве за кои изданија треба да пронајдете време и место:

Малечка – Сара Жислер

Длабоко, трогателно, сурово и нежно истовремено. Тоа е книгата на Жислер, млада жена која отскокнува од секој шаблон и не се вклопува никаде. Вечен „аутсајдер“, светската патничка го трансформира својот гнев и бунтовноста во одисеја.

Сопственото гадење од стегите на општеството, жедта за слобода и самооткривање ќе ја натера Жислер да ги надмине сите свои трауми и стравови.

„Родена сум во средината на деведесеттите години во семејство на разведени родители. Бев од оние деца кои растеа со клуч околу вратот, ги знаат на памет броевите за итни случаи и знаат како се готват тестенини уште пред да можат да ги досегнат тавите. Кога бев мала, се обидоа да ми објаснат дека сум слична на мајка ми, а татко ми бил презафатен со работни обврски. На училиште морав да ги слушав заморните наставници за тоа како се успева во животот…“

Od-zeni-za-site-3-knigi-od-zenski-avtori (1).jpg

Амаруши – Ведрана Рудан

Рудан која без влакна на јазикот ја сецира женската душа, машкото его и општеството како една целина и арена на вечната „мртва трка“ помеѓу половите, овој пат пишува роман, чие име алудира на 2 работи: Да се сака и да се руши.

Амаруши е 4-годишно девојче и еден вид на катализатор на сите раскажани настани и дејствија. Таа е набљудувач на светот исполнет со трагедија и комедија истовремено, бизарни ситуации, сарказам, цинизам и сите можни облици на човековата глупост.

„Ја обожавам книжевноста сведена на елементарното. Не ги сакам книгите дебели како телефонски именици. Целиот човечки живот може да се собере во пет реченици. Во животот нема дијалог. Тоа можеби сакав да го кажам во оваа книга“.

Od-zeni-za-site-3-knigi-od-zenski-avtori (2).jpg

Не одам никаде – Румена Бужаровска

Последната збирка раскази на Бужаровска е здив на свежо ветре помеѓу морето евтина комерцијалност. Овојпат, расказите се помоќни, помрачни и подлабоки.

Румена продолжува со својот препознатлив стилски и раскажувачки стил со 7 нови раскази кои ја сецираат современата македонска реалност. Ликовите се можеби фиктивни (или не се?) кои ќе ви послужат како огледало или ќе ви го прикажат отсјајот на многумина коишто ги познавате и ги гледате секојдневно околу вас.

Комплексните меѓучовечки односи се неисцрпен извор на инспирација. Прашањето е – кој колку добро умее да ги преточи во зборови? А Румена е дефинитивно супериорна, онолку колку што е домашниот комплекс на инфериорност во однос на западниот свет.

Od-zeni-za-site-3-knigi-od-zenski-avtori (3).jpg

(О)Милена | Црнобело / Фото: (О)Милена

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg