Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нови возбудливи книги кои ќе ве остават будни до утрото

Среќата со пари не се купува, но можеш да си купиш книги, а тоа му доаѓа од прилика исто. Единствено времето поминато со книгата не е залудно поминато време.

Novi-vozbudlivi-knigi-koi-ke-ve-ostavat-budni-do-utroto-01.jpg

Доколку сте расположени за нови и возбудливи книги кои ќе ве остават без сон, ги препорачуваме следните 3 наслови:

Океј сме - Нина Лакур

Марин е илјадници километри од брегот на Калифорнија, на колеџ во Њујорк. Таа нема прозборено ниту еден единствен збор за минатото кое го оставила зад себе.

Но, трагедијата што се обидува да ја преброди и заборави ја влече наназад како претежок товар на грбот. Сама за време на зимскиот распуст во студентскиот дом, Марин ја чека најдобрата другарка Мабел која ѝ доаѓа во посета.

Кога Мабел ќе пристигне, главната протагонистка конечно ќе мора да се соочи со долго премолчуваната вистина.

Novi-vozbudlivi-knigi-koi-ke-ve-ostavat-budni-do-utroto (1).jpg

Лорд Морд - Милош Урбан

Прага е местото на конфликтот помеѓу Германците и Чесите кон крајот на 19 век. Во истиот период додека се модернизира еврејскиот дел од градот кој скапува од наездата на глодари и епидемии, грофот Ардо познат уште како Лорд Морд, решава да купи еден објект и да не дозволи истиот да се претопи во новиот шаблон.

Тој едноставно одбива да се исели од него. Прашката администрација започнува да користи методи на убедување и да го премисли Лорд Морд. Во меѓувреме, се случуваат серија убиства на проститутки. Кога Лорд Морд ќе ја пронајде неговата љубовница мртва, вовлечен е во вител од настани кои нагло ја прекинуваат неговата боемска идила.

Novi-vozbudlivi-knigi-koi-ke-ve-ostavat-budni-do-utroto (2).jpg

Мраз студено - Тес Геритсен

Мора Ајлс заминува на медицинска конференција каде што среќава група пријатели и решава да отиде со нив на скијање. Но, кога комбето ќе остане завеано во снег на планинскиот пат, групата пријатели решава да се засолни во зафрленото село Небесно Кралство.

Небесно Кралство брои 12 идентични куќи, кои изгледаат сенишно, мрачно и напуштено. Јадењето стои недојадено во чиниите, автомобилите стојат паркирани во гаражите. Ниту трага ниту глас од жителите кои изгледа како да пропаднале во земја.

Но, трагите во снегот укажуваат на спротивното. Некој е сè уште тука и демне во темнината. Некој ја набљудува Мора и нејзините пријатели…

Novi-vozbudlivi-knigi-koi-ke-ve-ostavat-budni-do-utroto (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 забавни книги, на попуст, кои може да ги прочитате ова лето Под мотото „Земи здив и нурни во добра книга“, издавачката куќа Арс Ламина нуди ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg