„Е, баш ме заболе“ – хит книга и еден поинаков водич за самопомош
Во денешниот свет каде што царуваат мотивациските говорници кои постојано ве убедуваат дека доколку му се насмевнете на животот и тој ќе ви се насмевне вам, Марк Менсон е прилично големо освежување кои има малку поинакви идеи.
Универзумот речиси никогаш не крои заговор по секоја цена да ви ги оствари желбите кои силно ги посакувате. „Кој ја врти позитивноста. Какви се тие глупости од типот дека мора постојано да бидеме позитивни, бидејќи тоа нè прави подобри и посреќни луѓе?“
Менсон има статус на супер ѕвезда во блогерските кругови. На својот мошне популарен блог тој се обидува да го претстави животот токму онаков каков што е, без никакви розови очила на себе.
Конечно, некој да ја сервира суровата, нефотошопирана реалност на нештата. Авторот силно го поттикнува читателот да ги препознае и прифати сопствените ограничувања, бидејќи тоа е најголемата моќ која може да ја поседуваме.
Во животот се соочуваме со малку работи за кои треба да ни биде гајле. Мора да бидеме многу мудри во поглед на изборот на нештата за кои би требало да трошиме енергија и работи за кои не вреди ниту да трепнеме.
Книгата е исполнета со многу интересни приказни, исткаена со хумор, без влакна на јазикот. Со еден свеж и автентичен пристап, ова е книга за самопомош на која би ѝ дале шанса дури и најголемите скептици.
„Е баш ме заболе–како да не ти е гајле за неважните нешта“ или „The Subtle Art of Not Giving a F*ck: A Counterintuitive Approach to Living a Good Life“, конечно на македонски јазик.
(О)Милена | Црнобело