Книги, филмови и серии со дистописки тематики
Последниот период темата за дистопија како да зазеде посебно место во интересите на луѓето ширум светот.
Еден до главните виновници за тоа е хит филмот Bird Box со Сандра Булок, кој е снимен по истоимениот роман, напишан од Џош Малермен. Ако сé уште сте подведени од дистописката проблематика и сакате да се внесете во уште некои книги, филмови и серии тогаш следната листа ќе ви помогне во тоа.
Иако многумина од нас веќе се запознаени, сепак дистопискиот роман The Handmaid's Tale од Маргарет Атвуд е приказна сместена во една тоталитарна христијанска теократија која извршила преврат врз американската влада.
Овој жестоко политички и мрачен роман отвора голем број општествени прашања. Во случај ако одамна ја имате исчитано книгата, која е издадена во 1985 година, тогаш може да си пружите ново задоволство – гледање на истоимената серија на Netflix.
Олдос Хаксли има напишано одлична книга на оваа тематика. Brave New World (1932) е приказна сместена во Лондон во 2540 година. Авторот има претставено еден ладен свет исполнет со дрога, организирана репродукција и перење на мозок уште од самото раѓање.
Тука се наметнува и прашањето, ако човекот не чувстува болка, дали навистина може да ја почувствува и радоста? Ова е роман, кој се смета за еден од најдобрите романи на англиски јазик за 20 век.
A Clockwork Orange е ремек дело на Ентони Бурџис. Оваа сурова и застрашувачка приказна ја прикажува темната страна на човекот и модерното општество.
Залудно е од друга рака да слушате за деструктивните банди составени од млади луѓе што беснеат низ темните сокаци и претепуваат, силуваат и пљачкосуваат.
Ако сакате да се внесете во дистопискиот свет на Бурџис, каде се отвораат прашањата на моралот и слободната волја, тогаш прочитајте ја книгата, а после тоа дајде си друго задоволство и изгледајте во истоимениот филм во режија на Стенли Кјубрик.
Ако сакате да прочитате роман за едно тоталитарно општество во кое луѓето се затворени во своите домови, отпорни на оган, без да разговараат за она што го чувствуваат, притоа уживајќи само во материјални работи,Fahrenheit 451 од Реј Бредбери ќе ве пренесе во светот каде што луѓето се обземени од своите телевизори, кои не им оставаат простор за размислување, а книгите се прогласени за непријатели и се подложни на горење.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело