Книги кои би сакале да ги пронајдете под новогодишната елка

„Книгата е подарок што може да го отворите повторно и повторно“. Подарок кој не ја губи својата вредност, кој не здосадува, подарок кој може да премине од едни во други раце и повторно да се врати кај вас.

Knigi-koi-bi-sakale-da-gi-pronajdete-pod-novogodisnata-elka-01.jpg

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници за вистинските љубители на добрите книги, овие 3 предлози со сигурност ќе сакате да ги подарите некому или пак да ги пронајдете спакувани под вашата новогодишна елка.

Пријатно празнично читање:

Нешто во водата - Кетрин Стедман

Марк и Ерин се очигледно совршениот пар. Нивната љубов е силна и тие се магнетски привлечени еден кон друг. Ерин е режисерка на документарни филмови, а Марк успешен банкар.

Двајцата живеат во Лондон и се подготвуваат за медениот месец во Бора Бора. Но, Марк одненадеж ја губи работата, а нивната среќа започнува да се урива како кула од карти.

Сепак, двајцата се фаќаат како давеници за сламката спас – медениот месец кој ќе ги реши сите проблеми.

На Бора Бора, Марк инсистира да отидат на нуркање, иако Ерин се плаши од водата, но тој ја убедува дека покрај него ќе биде безбедна. Неочекувано, наоѓаат нешто во водата…

Knigi-koi-bi-sakale-da-gi-pronajdete-pod-novogodisnata-elka (3).jpg

Таен сведок - Џон Гришам

Мајсторот на трилерите, Гришам, овој пат ги освојува читателите со нов, возбудлив роман за корумпираноста на судството.

Лејси со години работи во Комисијата за судска етика, кога на нејзиното биро пристигнува нов предмет. Поранешен адвокат тврди дека една истакната судијка е една од најкорумпираните во историјата на американското правосудство.

Според него, таа ги има вмешано прстите во изградбата на огромно профитабилно казино во индијански резерват каде што важат други закони, но тоа секако не е сè.

Грег Маерс тврди дека судијката со години соработува директно со мафијата и дека има таен сведок кој може да го потврди сето ова. Дали Лејси ќе го стави својот живот во опасност впуштајќи се во истражувањето на новиот случај?

Knigi-koi-bi-sakale-da-gi-pronajdete-pod-novogodisnata-elka (1).jpg

Бусола - Матијас Енар

Извонредно моќен роман за кој се вели дека Агата Кристи и Балзак се здружиле на еден сосема неочекувана книжевна авантура.

Музикологот Франц Ритер има инсомнија една ноќ во Виена. Тој започнува да ги оживува спомените од минатото и некаде помеѓу сонот и сеќавањата ја анализира својата опиеност од Блискиот Исток, патувањата во Истанбул, Алепо и Техеран…

… и неизбежните мигови кои ги има поминато со жената во која е вљубен, Сара. Овој прекрасно исткаен роман полн со горчливо-сладок хумор е мост помеѓу денешниот и утрешниот миг и источната и западната култура.

Knigi-koi-bi-sakale-da-gi-pronajdete-pod-novogodisnata-elka (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 помалку познати книжевни класици што вреди да им дадете шанса Кога ќе се спомне Франц Кафка, сигурно веднаш помислувате на романот „Процес“, н...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg