Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Девојче, запали оганче“ и уште 2 нови наслови кои ќе сакате да ги прочитате оваа зима

„Личноста, без разлика дали е џентлмен или дама, која не пронаоѓа задоволство во добра книга, мора да е неподносливо глупава“, рекла Џејн Остин и не можеме повеќе да се согласиме со неа.

Devojce-zapali-ogance-01.jpg

Доколку се прашувате што добро би можеле да прочитате во текот на овие ладни, зимски денови, ги препорачуваме следните 3 нови наслови:

Девојче, запали оганче - Мартин Шмаус

Потресна и сурова приказна за словачките Роми во повоените чешки земји. Во населбата Полјан, веднаш зад советската граница во источниот дел на Чехословачка се раѓа малиот Андреј Дунка.

Уште како мал е пренесен во Прага, каде што е принуден да краде со цел да преживее.

Андреј прерано ја осознава суровоста на светот, разликата помеѓу „белите“ и „црните“, омразата поврзана со неговиот род… книгата е вистинска емотивна приказна за болката на Ромите.

Devojce-zapali-ogance.jpg

Детството на Исус - Џон Куци

Во оваа неверојатна филозофска алегорија на авторот Џон Куци, 5-годишниот Давид останува сам во мистериозен град којшто не го познава и не е сигурен дали му припаѓа на овој земен свет.

Единствениот кој решава да му помогне на Давид е непознат човек по име Симон, кој залудно ја нуди својата човечност и добрина, бидејќи за истата добива само навреди, понижувања и грубост.

Овој роман-загатка целосно ќе се освои, со оглед на фактот што се трансформира низ секоја следна страница, оставајќи ве во прашалници, желба за одговори и многу неизвесност и размислување.

korica-Kuci.jpg

Песната на речните птици - Лиса Вингејт

Книгата е базирана на вистинска приказна за директорка на здружение на сиропиталишта која киднапирала и продавала сиромашни деца на богати семејства низ Америка.

12-годишната Рил Фос живее прекрасен, мирен и практично идиличен живот во 1939 година со нејзините четири помали сестри и братчето на реката Мисисипи.

Но една вечер, за време на страшна бура, кога татко им мора да ја однесе нивната мајка во болница и ја оставаат Рил како најголема да ги чува помалите деца, одеднаш се појавуваат непознати луѓе. Децата од семејството Фос се нагло и злобно оттргнати од сè што им е познато и завршуваат во сиропиталиште.

Иако таму ги уверуваат дека наскоро ќе бидат вратени кај нивните родители, тие набрзо ја сфаќаат мрачната вистина.

PREDNA.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 мистериозни романи за велигденскиот викенд Необични и испреплетени судбини, тајни кои се кријат со години, вел на мистерија...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 лесни и страстни романи што ќе ги прочитате во еден здив Џенифер Пробст ја напишала својата прва книга на 12 години. Ја однела во училишт...
3 забавни книги, на попуст, кои може да ги прочитате ова лето Под мотото „Земи здив и нурни во добра книга“, издавачката куќа Арс Ламина нуди ...
3 книги за сечиј вкус, кои нема да ви дадат мир додека не ги прочитате Роман кој зборува за срушените идеали на нашите иселеници кои заминуваат во стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg