Книги со инспирација повеќе за сите смели луѓе кои умеат да сонуваат

Зарем не ги обожавате оние книги кои имаат моќ да ви го нахранат умот, да ви дадат енергија и да се осмелите да направите нешта кои сте сметале дека се неостварливи?

Knigi-so-inspiracija-povekje-01.jpg

Обрнете особено внимание на првата книга, но и другите две ќе ве освојат подеднакво.

Жанровски сосема различни, сепак тие се поттик за нашата душа, за сите храбри и смели луѓе, сите сонувачи, сите кои сакаат малку повеќе од животот, сите кои се чувствуваат поразлично од останатите и по малку лудо… еве што добро да прочитате во следните неколку дена:

Белиот трофеј – Блаже Аризанов

Благојчо од Борисово отсекогаш бил поразличен од сите останати деца на негова возраст. Не наоѓал смисла во многу работи во неговиот живот кои ги опишува со болно хируршка прецизност во првите 50-тина страници на неговата книга.

Тој носи одлука да замине од родната Македонија и да го фати патот за Индија, каде што сонува да има свој сопствен бизнис еден ден, преку старт-ап компанија, преку која ќе го работи она за што вистински има талент и страст.

Но, патот до успехот никогаш не е послан со мед и рози. Како Блаже ја основал Stay Uncle компанијата која ќе предизвика вистинска револуција и ќе му донесе милион долари ќе откриете во овој искрен книжевен бисер, напишан според вистинската приказна на Благојчо (од струмичко Борисово).

Knigi-so-inspiracija-povekje (1).jpg

Жед за живот – Ервинг Стоун

Ервинг Стоун е препознатливо име кое се потпишува зад делото во 2 тома – „Агонија и екстаза“ кое го следи животот на Микеланџело.

Во „Жед за живот“, Стоун продолжува со неговата уникатна нарација, живописните описи и детали кои ќе ве запрепастат, бидејќи неговата работа е производ на темелно истражување, не на фикција.

Жедно ќе откривате детали за животот на големиот уметник Винсент Ван Гог, откривајќи ги настаните и мистериите кои го обликувале еден од најгенијалните умови во светот на уметноста.

Knigi-so-inspiracija-povekje (3).jpg

Роб – Исак Башевис Сингер

Сингер не е типичен автор на лесна белетристика кој лесно може да се вклопи во повеќе различни вкусови.

Впрочем, или ќе го (за)сакате, или ќе го (за)мразите, но топло ви препорачуваме да му дадете шанса и да го направите првото.

Јосиф е побожен Евреин, Ванда е ќерка на неговиот господар. Тие се вљубуваат, но нивната љубов е осудена на пропаст. Преку приказот на религијата ги доживуваме нивните одлуки неретко како свои.

Тие се борат еден против друг, двајцата против сите. Дали суровоста на семејството, вулгарноста и предрасудите на селаните ќе ги поттикнат да се изборат за својата страсна, чиста љубов?

Knigi-so-inspiracija-povekje (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg