5 книги кои мора да ги прочитате според Меган Маркл
2018 година беше и сè уште е во знакот на војвотката од Сасекс, односно Меган Маркл. Воодушевени од кралската свадба и новиот член на благородниците, природно сите сакаа да дознаат што е можно повеќе детали за Меган.
Но, се чини дека новата војвотка сака и да чита, покрај јогата која и е особено голема пасија. Таа го состави својот личен список со 5 книги кои мора да ги прочитате барем еднаш во животот.
Во нив ќе забележите извесен жанр кој ги поврзува сите 5 книги, но оставаме на вас да одлучите какви книги преферира војвотката.
Дали сте ги прочитале омилените книги на Меган Маркл? Три од нив ги имаме преведени на македонски јазик, додека за другите две ги напишавме оригиналните наслови во случај да сакате да ги прочитате на англиски:
„Мотивацискиот манифест“ од Брендон Бурчард (The Motivation Manifesto by Brendon Burchard)
Авторот на книгата тврди дека секој од нас може да го смени текот на својот живот доколку го промениме начинот како го поминуваме слободното време, како ги трошиме парите, каде си ги трошиме емоциите и многу повеќе.
„Доколку ви е преку глава од сопствената несигурност и работи кои ви го одвлекуваат вниманието, ова е книгата за вас“, тврди Маркл. Заборавете ја ааа бучава која ви оневозможува да го постигнете својот потенцијал.
„Четири спогодби“ од Дон Мигел Руис
Луѓето имаат ограничени размислувања кои им создаваат непотребно страдање. Тоа е барем основната идеја која сака да ја пренесе авторот Дон Мигел Руис.
„Мајка ми мѝ ја даде книгава кога имав 13 години“, објаснува Маркл, „и до денешен ден секогаш му се навраќам на ремек-делото на Руис со цел да си го поедноставам животот на најлесен можен начин“.
„Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери
Војвотката силно ја препорачува култната книга, која воедно е и една од најпреведуваните книги во светот која нема религиозна тематика.
„Многу долго време сум опседната со оваа книга, особено со Малата лисица. Дури и да не ја прочитам целата содржина (маскирана како книга за деца), поглавјето за Малата лисица за мене открива вистина на која секогаш вреди да ѝ се навратиш“.
„Кој го здипли моето сирење?“ од Спенсер Џонсон
Меган откри дека за прв пат ја прочитала оваа книга додека била студент на Универзитетот Нортвестерн. Оваа класична кнга за бизнис стратегии е исклучително вредна и се чита навистина брзо.
„Професор на Универзитетот ја имаше ставено оваа книга на списокот на задолжителни книги за читање по предметот индустриско инженерство што го слушав во првата година на факултет. Беше неочекуван и чуден избор, но на крајот од денот резултатот е самоподобрување и приспособување на мотивираноста, техники што ги употребувам кога и да треба да донесам некоја одлука во мојот живот“, вели Маркл.
„Тао на Пу“ од Бенџамин Хоф (The Tao of Pooh by Benjamin Hoff)
„Многу аспекти на Таоизмот се прикажани преку карактерот на мечето Вини Пу. Дали може да биде подобро од тоа?“ – прашува и констатира Меган истовремено.
Книгата се чита неверојатно лесно и брзо и може да ја завршите само за еден ден. „На крајот ќе научите вредна лекција–како да успеете во светот околу вас“.
Веројатно лекцијата била успешна, според она што успеа да го постигне Меган Маркл.
(О)Милена | Црнобело