5 книги кои ќе ви прават друштво додека се сончате на плажа

Летото е одлично време во рака да земете некоја книга со лесна содржина, наместо неуморно да скролате по социјални мрежи додека се сончате.

5-knigi-koi-ke-vi-pravat-drustvo-dodeka-se-soncate-na-plaza-1.jpg

Можноста да учествувате во создавањето на приказната и можноста сами да замислувате и фантазирате е нешто што ја прави секоја книга незаменлива.

Затоа имаме одлични предлози на книги кои ќе ви помогнат да се опуштите ова лето:

„Сонцето и нејзините цвеќиња“ од Рупи Каур

Можеби веќе сте слушнале за прекрасната книга со поезија на Рупи Каур. Оваа книга е нејзиното продолжение и со огромна љубов и посветеност објаснува што значи да се биде жена во овој свет. Ова е одличен избор за плажа или уживање под сонцето во топлите летни денови.

5-knigi-koi-ke-vi-pravat-drustvo-dodeka-se-soncate-na-plaza-2.jpg

„Играјќи со чкорчиња“ од Хана Оренштајн

Хана Оренштајн пред да се посвети на кариерата како писател и автор работи како професионален експерт за врски во Њујорк. Таа е исто така и уредник во познатиот онлајн магазин Елит Дејли. Оваа книга е делумно како да гледате некоја од вашите омилени романтични комедии.

Се работи за девојка по име Саша Голдберг која работи како експерт за љубов и врски додека нејзината романтична врска се распаѓа. Навистина шармантно и интересно дело кое најверојатно ќе ве натера да сочувствувате со главниот лик.

5-knigi-koi-ke-vi-pravat-drustvo-dodeka-se-soncate-na-plaza-3.jpg

„Здраво Саншајн“ од Лора Дејв

Лора е одличен писател во кој дефинитивно ќе се заљубите. Во оваа книга е опишана приказната на Саншајн Мекензи, која навидум е жена која има сè. Има продадено илјадници книги со нејзините рецепти, има цела група на фанови и уште многу бизнис зделки.

Но, позади цела слава и успех се кријат безброј тајни. Доколку уживате во малку драма, тогаш оваа книга е токму за вас.

5-knigi-koi-ke-vi-pravat-drustvo-dodeka-se-soncate-na-plaza-4.jpg

„Модерни љубовници“ од Ема Страуб

Во денешниот свет на апликации и комплицирани врски многу е тешко да се најде вистинска љубов. Авторката на оваа генијална книга се фокусира на модерните врски и што значи љубовта во ова време. Таа ја истражува љубовта помеѓу младите, фамилијата и пријателствата.

Ќе ве натера да се заљубите во сите карактери, да сочувствувате со секој од нив и да не посакате да ја оставите книгата додека не ја прочитате целосно.

5-knigi-koi-ke-vi-pravat-drustvo-dodeka-se-soncate-na-plaza-5.jpg

„Жената во кабина 10“ од Рут Вер

Во оваа новела главниот карактер наречен Ло Блаклок е патувачки новинар кој добива одлична можност да патува 1 недела на луксузно крстарење со ограничен број на патници.

Најпрво крстарењето прекрасно со луксузни вечери и одлични луѓе, но по серија на настани, една жена е турната во морето и сите сопатници заедно со екипажот се однесуваат како ништо да не се случило.

Доколку сте фан на мистерии и трилери ова е одличен избор за вас.

5-knigi-koi-ke-vi-pravat-drustvo-dodeka-se-soncate-na-plaza-6.jpg

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg